Семифредо од јагоди - ладен десерт 1

Семифредо од јагоди – ладен десерт

Летото е време кога може да уживаме во ладните десерти како што е ова семифредо од јагоди! Освежително, вкусно и ароматично за целото семејство. Нашата пријателка Лана има одлични рецепти кои вреди да се пробаат!

Може да ве интересира: Леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити.

Семифредо од јагоди - ладен десерт 2

Состојки:

  • 6 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 400 мл слатка павлака
  • 400 гр јагоди
  • 2 кесички ванилин шеќер.

Подготовка:

  1. Јаготките измијте ги, исцедете ги и испасирајте ги во пире.
  2. Белките изматете ги пенесто, а при тоа постепено додавајте го шеќерот.
  3. Откако добро ќе ги изматите во цврст снег, една по една додавајте ги и жолчките. Кога добро ќе се соединат, престанете да ги матите.
  4. Слатката павлака изматете ја веднаш потоа, но во одделен сад.
  5. Соединете ги сите состојки во еден од садовите.
  6. Потребен ви е долгунест калап кој треба да го обложите со најлонска фолија.
  7. Турете ја смесата во калапот, покријте ја и оставете ја во замрзнувач барем неколку часа за да се здрви.
  8. Пред служење, калапот кратко ставете го во топла вода, а потоа превртете го врз рамна чинија. Декорирајте со свежи овошки и послужете веднаш. На здравје!

Забелешка: Во овој рецепт се користат свежи јајца, а слободно може да ги готвите и на пареа, а останатите состојки да ги додадете кога кремот ќе се излади. Семифредо е десерт кој може да го замрзните во помали калапи и да го замените овошјето. Нуди многу можности, па уживајте!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен сладолед од јагоди.

Сподели: