семки од кајсија

Семки од кајсии: лек против канцер или опасност по здравјето?

Гледано од нутритивен аспект, семките од кајсии се слични со другите јаткасти плодви – богати се со здрави масти, а содржат растителни влакна и железо. Постојат бројни начини на кои семките од кајсии се користат во исхраната. Семките од кајсиите кои се одгледуваат во Азија и околу Медитиранот се слатки и понекогаш се користат како замена за бадемите. Италијанскиот ликер амарето е ароматизиран со екстракт од семки од кајсии, а маслото кое се добива од семките се користи како масло за готвење.

Слатките семки од кајсиите кои може да се најдат како грицки или се користат за печење, содржат многу малку или немаат амигдалин, контроверзна состојка за која многу се зборува. Горчивите семки од кајсиите содржат амигдалин кој може да ги зголеми нивоата на цијанид во организмот.

Тешко е да се пронајде чист одговор за безбедноста на овие семки. Слатките семки од кајсија познато е дека го зајакнуваат имунитетот и се борат против инфекции. Но, во светски рамки постои голема дебата за амигдалинот и неговата ефикасност како природен лек против канцер.

семки од кајсии

Антиканцерогени состојки во семките од кајсија

Семките од кајсија содржат токсична хемиска состојка позната како амигдалин, кои некои компании ја нарекуваат витамин Б17. Во телото, оваа состојка се претвора во цијанид кој е отровен и може да предизвика штетни последици по здравјето.

Факт е дека постои интерес кај народот за да се користат семките од кајсија во борба против ракот. Тоа е резултат на тоа што оваа токсична состојка се бори со клетките на канцерот пред да се претвори во цијанид и да се разнеси низ телото.

Некои истражувачи веруваат дека цијанидот е штетен само за канцерогените тумори. Но, научните истражувања докажаа дека тоа не е постојано вистина.

Можни несакани ефекти од консумацијата на семки од кајсии

Доколку се консумира голема количина на семки од кајсии може да се јават симптоми на труење со цијанид како:

  • повраќање
  • треска
  • чешање
  • главоболки
  • несоница
  • зголемена жед
  • слабост
  • ментална конфузија
  • болки во мускулите и зглобовите
  • пад на крвниот притисок.

Кај одредени случаи, труењето со цијанид може да предизвика оштетување на нервите, кома, дури и смрт.

Резултатите од истражувањата покажале дека кога се користи амигдалинот за третман на канцер или болки, и тој се земе орално предизвикува пoсериозни несакани ефети во споредба со тој што се дава во форма на инјекции. Овие непосакувани ефекти може да се зголемат со често консумирање на семки од кајсии, бадеми и зеленчук кој содржи бета-глукозидаза (како целер, праски и моркови). Оралното користење на високи количини на витамин Ц заедно со високи дози на амигдалинот може да ги зголеми шансите од трудење со цијанид.

Совет плус: Пред да се одлучите да користите семки од кајсии во вашата исхрана задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

Ви препорачуваме да прочитате: Со здрава храна против канцер.

Сподели: