Сендвич колачиња со афионово семе

Изгледаат многу привлечно, а можеме да кажеме дека и вкусот им е екстра. Катерина ни испрати многу едноставен рецепт за домашни сендвич колачиња со афионово семе, филувани со чоколаден крем.

За да ги направите потребни ви се неколку состојки, кои најверојатно ги имате во кујната. Направете ги и поканете ги пријателите на дружење и дегустација.

сендвич колачиња

Состојки:

  • 250 гр маргарин или путер (собна температура)
  • 1 јајце
  • 7 лажици шеќер
  • 100 гр афионово семе
  • 350 гр брашно
  • 1 ќесичка ванилин шеќер

Фил:

  • околу 200 гр чоколаден крем
  • 1 лажица маскарпоне.

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги маргаринот, шеќерот и ванилата. Матете ги со миксер додека станат пенести.
  2. Додајте го јајцето и матете додека се соединат убаво.
  3. Потоа, во садот за матење додајте ги семето од афион и брашното. Од состојките замесете тесто.
  4. Тестото завиткајте го во најлонска фолија и оставете да стои во фрижидер околу 30 минути.
  5. Од тестото, меѓу 2 листа хартија за печење развлечете кора со дебелина по ваша желба и со калап вадете форми.
  6. Колачињата наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, за време од 15 минути.
  7. Чоколадниот кремот ставете го во чинија и измешајте го со маскарпонето.
  8. Сите колачиња спојте ги со оваа мешавина од еурокрем и маскарпоне. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Посен колач со афион и кокос.

Сподели: