Совети за умерена исхрана

Совети за умерена исхрана за време на празниците

Следете ги нашите совети за умерена исхрана и за време на празниците и уживајте во прославувањето. Празничните денови се навистина големо искушение за сите кои не сакаат да имаат покачена телесна тежина. Затоа, ако се одлучите да се придржувате до одреден режим на умерена исхрана, ќе се заштитите од различните вкусни искушенија и ќе успеете да го контролирате внесот на непотребни калории.  

Ако припремате празничен ручек или вечера во домашна атмосфера, лесно ќе можете да се придржувате до посебно определениот план на исхрана, но доколку одите на гости кај роднините или пријатели, тогаш за да успеете да се придржувате до советите за умерена исхрана, неопходни ќе ви се силна волја и истрајност во целта која сакате да ја постигнете. Во продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат лесно да се придржувате до вашата диета и во текот на празниците, а во исто време и да уживате во празничните специјалитети.

здрава храна

Со диетални колачи до умерена исхрана

Иако сте на диета, во слатките и колачите можете да уживате со едноставно заменување на стандардните засладувачи со мед, а белото брашно заменете го со брашно од бадем или лен. Колачите нека бидат во мали порции, можете да ги консумирате, но тоа да биде во помали количини од вообичаено.

Паметно мамете

Ако никако не можете да се воздржите и да одолеете на деликатесите после вашиот диетален оброк, почестете се со нешто калорично и забрането, а при тоа внимавајте да биде што побогато со протеини, а да содржи помалку јаглени хидрати.

Пијте многу течности

Ако пиете многу течности сигурно ќе јадете помалку од мезето и останати закуски кои мамат. И кога пиете, трудете се да правите паметни избори како што е вода или пијалаци кои во себе не содржат шеќер и празни калории.

Умерена исхрана повикува на поголемо консумирање на зеленчук

Наместо компири и останатиот зеленчук кој содржи скроб, за прилог приремајте повеќе варен зеленчук и свежи салати. Како прилог може  да припремите и коренест зеленчук кој изобилува со многу хранливи материи како што се моркови, цвекло, целер и листест зленчук, а избегнувајте компири, ориз и тестенини.

Ви предлагаме да прочитате: Како да избегнете дебелеење за време на празниците?

Сподели: