оброк во чаша - SLC шејк од јагода 1

Совршен пролетен оброк во чаша – SLC шејк од јагода

Пролетта е одлично време кога јагодите ги имаме во голема мера и со нив можеме да приготвуваме разни вкусни задоволства. Течните оброци се тренд, но и се лесен начин да внесеме поголема количина на хранливи материи на полесен начин и без да консумираме голема количина на храна. Па, имаме испробано вкусен и супер хранлив оброк со SLC шејк од јагода. Освежете се деновиве и уживајте во енергијата!

На предлог од нашите пријатели SlimLine Club споделуваме видео рецепт за совршен пролетен оброк во чаша од кој ќе се чувствувате одлично преку целиот ден!

Состојки:

  • 50 гр јагоди
  • 50 гр црвено бобинкасто овошје
  • 200 мл обезмастено млеко (со 1,5% млечни масти)
  • 20 гр SLC Meal Replacement од јагода (или тоа се 2 лажици SLC шејк од јагода).

Подготовка:

  1. Подготовката е повеќе од лесна. Прво сите состојки ставете ги во блендер.
  2. Кратко блендирајте додека состојките се соединат и шејкот добил убава конзистенција. Готовиот оброк можете да го консумирате веднаш. Погледнете го видеото и на здравје!

 Кои се карактеристиките на овој оброк во чаша?

Со вака приготвениот SLC шејк од јагода, ќе внесете 17 гр протеини, 21 витамин и минерал, а само 200 калории. Дополнителните корисни својства се повеќе:

  • ја намалува желбата за храна
  • го регулира и намалува апетитот
  • го зголемува нивото на енергија
  • ја подобрува дигестијата
  • има низок гликемиски индекс
  • одличен е за имуниот систем.

Ви препорачуваме да прочитате: Нискокалорични интегрални мафини без шеќер.

Сподели: