сок ор кромид

Сок од кромид против опаѓање и за брз раст на косата

Изгледа е вистина дека сокот од кромид може да се користи за спречување на опаѓањето на косата. Многу шампони и тоници за коса, содржат сок од кромид, затоа што некои истражувања потврдиле дека може да помогне при опаѓање на косата. Се верува дека го поттикнува растот на нови влакна, ја поттикнува циркулацијата на главата и делува како антисептик.

Кај жените косата почнува да се губи прво на темето. Со опаѓање на 20 до 30% од влакната, проблемот станува забележлив. За разликата нив, кај мажите косата прво опаѓа на предниот дел од главата, па брзо се забележува. Испаѓањето на косата кај жените е долготраен процес кој трае и до неколку години.

сок од кромид

Како се користи сокот од кромид за спречување на опаѓањето?

Кромидот е еден од најдобрите домашни производи за нега на косата. Тој е одличен препарат за коса доколку страдате од расцветани врвови и опаѓање на косата. Кромидот содржи сулфур кој го храни коренот на косата и го забрзува нејзиното растење. Во продолжение ќе ви прикажеме неколку начини како можете да го користите кромидот за забрзување на растот на косата.

Домашен третман со кромид

Изрендајте или измелете 1 мала главица кромид. Сокот кој сте го добиле намачкајте го на темето и оставете го да делува за време од 1 час. Потоа, косата измијте ја со шампон. Кромидот има јак и прилично непријатен мирис, па сокот може да го помешате со вода од рози. Овој препарат може да се користи два пати неделно, во зависност од состојбата на косата.

Друг начин е исцедениот сок од кромид да го измешате со вода, при што треба да има 2/3 сок и 1/3 вода. Намачкајте ја косата, особено темето и оставете да делува  25-30 минути. Можете да ја завиткате косата со крпа, за да може кромидот да се апсорбира во фоликулите на косата.

Спречете го опаѓањето на косата со SLC Hair Growth Spray

Ако пак немате време да правите домашни третмани, а дефинитивно сакате да преземете нешто за да го спречите опаѓањето на косата, имаме решение кое делува. SlimLine Club донесоа нова иновативна формула која им помогнала на многу луѓе во светот, а сега е достапна за нас! Спрејот против опаѓање на косата е направен од активни состојки кои што се наменети за одржување на фазата на растење на фоликулите на косата преку нивно стимулирање и хранење. Помага за стимулирање на влакното и забрзан раст на косата, ја храни фоликулата на коренот на косата, го стимулира коренот на косата, а погоден за мажи и за жени. Ако сакате да го пробате спрејот кој е благ, безбеден, нетоксичен и не ја иритира кожата, а ефикасно го помага растот на косата, треба да знаете дека може да го набавите поединечно SLC Hair Growth Spray 1/1 (доволно за 1 месец) или како паковање кое содржи три спрејчиња SLC Hair Growth Spray 1/3 (доволно за 3 месеци) Овој третман делува кај 95% од жените и мажите кога се употребува за време од 3 месеци.

Со редовна нега и здрава исхрана, коренот на вашата коса ќе зајакне и таа ќе престане да паѓа. Луѓето кои го користеле овие лекови тврдат дека препаратот е делотворен, а природната мешавина исто така помага за справување со ќелавоста. Се надеваме ќе ви помогнат и вам!

Ви предлагаме да прочитате: Најстар лек против опаѓање на косата и за раст на нови влакна.

Сподели: