Солени бомбици од палента и сирење

Може да кажеме дека периодот на слави и имендени што туку започна! Се бараат и приготвуваат најубавите рецепти, се собира семејството и пријателите на заедничката трпеза и се креираат убави моменти. А ние сме тука да ви ги презентираме најдобрите рецепти од Балканските простори. За овие убави моменти ви предлагаме солени бомбици од палента кои изгледаат превкусно!

Нашиот тим од вредни креативци во кујната секогаш знае да изненади со некој вкусен рецепт кој сите ќе сакаат да го пробаат. Овој пат Лана од блогот Kuhinja Mignone ни предложи интересен и многу лесен рецепт за солени бомбици од палента.

солени бомбици од палента

Состојки:

  • 250 грама палента (пченкарен гриз)
  • 500 мл вода
  • 1 мала лажичка сол
  • малку масло
  • 250 грама свежо сирење
  • 100 грама сусам.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари. Посолете ја и оставете ја да зоврие. Во зовриената вода додајте го маслото и палената. Варете за време од 3 до 4 минути додека се добие густа смеса.
  2. Тенџерето тргнете го од огнот и оставете ја палената да се излади. Во меѓувреме, сусамот ставете го во нелеплива тава на оган и пропржете го додека добие убава златеста боја.
  3. Во изладената палента додајте го сирењето и добро измешајте ја смесата. Формирајте бомбици и валкајте ги во пропржениот сусам.
  4. Готовите бомбици од палента со сирење може да ги поставите во хартиени корпиња и да ги послужите во комбинација со проја. Имаат многу декоративен изглед, а по желба во средината може да ставите по една кикиритка. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Солени рафаело бомбици.

Сподели: