сончоглед погача со спанаќ и сирење 1

Сончоглед погача со спанаќ и сирење

Ако мислите дека е тешко да се направи декоративна, а истовремено многу вкусна погача со фил од спанаќ и сирење, ќе ви кажеме дека сега го имате вистинскиот рецепт и одлично видео кое ќе го презентира начиниот на изработка.  

Оваа погача уште е позната како пита „сончоглед“ со спанаќ. Рецептот е едноставен, а постапката за изработка на оваа убава погача е прикажана на видеото. Засукајте ги ракавите и пробајте ја погачата.

Состојки:

  • 500 грама брашно
  • 90 мл маслиново масло
  • 200 мл суво бело вино
  • 2 мали лажички сол
  • 1 јајце (за премачкување).

За фил:

  • 350 грама обарен спанаќ
  • 350 грама рикота сирење (како замена може да се користи урда или изварка)
  • 1 јајце
  • 100 грама рендан кашкавал
  • 4 лажица лебни трошки
  • сол, црн пипер.

Подготовка:

  1. Во сад за месење, ставете ги брашното, солта и маслиновото масло. Замесете тесто, а потоа постепено додавајте го виното. Тестото добро местете го за да биде меко. Поделете го на два дела и оставете го да стои во садот за месење, покриен со кујнска крпа.
  2. Во меѓувреме припремете го филот. Спанаќот ситно исечкајте го и промешајте го со рикота сирењето. Потоа во садот со спанаќ додајте ги јајцето, солта, пиперот и ренданиот кашкавал. Добро измешајте ги сите состојки.
  3. Од двете топки тесто, со помош на сукало развлечете кори во форма на круг, со дијаметар околу 30 см.
  4. Во тава за печење, ставете хартија за печење. Над харијата, ставете ја првата кора од тесто. Врз кората посипете со лебни трошки. Во средината на кората нанесете полутопка од филот. Потоа направете прстен од филот, а краевите на кората премачкајте ги со вода.
  5. Ставете ја втората кора над филот. Во средината поставете мал длабок сад, а краевите притиснете ги со вилушка.
  6. Потоа, прстенот кој е исполнет со фил, исечете го на парчиња со големина од 3 см, како што е прикажано на видеото.
  7. Внимателно вртете ги сечените парчиња од погачата, така што филот треба да биде од горната страна.
  8. Извадете го садот, а средниот дел премачкајте го со изматено јајце. Потоа наросете сусам или семки од сончоглед.
  9. Погачата печете ја во загреана рерна на температура од 180 степени за време од 30 минути, додека добие убава румена боја. Испечената погача сончоглед извадете ја од рерната, прекријте ја со кујнска крпа и оставете ја да се излади за време од 5 до 10 минути.

Сподели: