Со сок од зеленчук и добри напитоци до витка линија

Ако сакате да намалите телесна тежина, да го одржите телото во витка форма и истовремено да сте полни со енергија, вистински избор за освежување и телесно оформување е витамински сок од зеленчук!

Најдобар напиток за организмот, а посебно додека сте на диета е водата. Треба да имате предвид дека и течностите (соковите, алкохолот и сл.) имаат калории. Доколку сакате да ослабите тие течни калории не ви се потребни, бидејќи нема да ве заштитат од глад, туку само ќе ви донесат „празни“ калории.

Чаша сок од јаболко содржи 114 калории, а потребни се 4 јаболка за да се добие таа количина на сок. Доколку сакате јаболка, најдобро е да ги јадете свежи.

Доколку не е свежо исцеден, сокот од портокал може да содржи голем број на адитиви и конзерванси. Затоа и во оваа варијанта најдобро е да се послужите со свежо овошје.

Единствен исклучок од овие правила кои важат за сокови, се однесува на пијалоците од зеленчук, бидејќи тие можат да ви помогнат во губење на телесната тежина, според една анкета спроведена во САД на колеџот Бејлор. Кога истражувачите спроведиле диета на 81 лице кое пати од дебелина (гојазност), чиј режим на исхрана изобилувал со овошје, зеленчук, житарки и месо со малку маснотии било утврдено дека луѓето кои конзумирале секој ден по една чаша сок од зеленчук во период од 3 месеци, изгубиле 1,5 килограм повеќе во споредба со другите кои биле на ист режим на исхрана, само што не пиеле сок од зеленчук. Научниците заклучиле дека сокот од зеленчук, на некој начин ги заштитил испитаниците од глад и им овозможувал чувство на ситост, па јаделе помалку од другата храна.

Сокот од зеленчук има многу малку калории кои лесно можат да се вклопат во секој план на исхрана. Чаша од 220 милилитри полна со сок од зеленчук со низок процент на натриум има само околу 50 калории, а една чаша сок од домати има 41 калории.

Изберете го вашиот омилен сок од зеленчук и уживајте во здравите и нискокалорични пијалаци. Кога сме кај добрите и нискокалорични напитоци за слабеење и постигнување на витка линија, имаме да ви кажеме една супер информација! Нашите пријатели од Slim Line Club, имаат супер акција која може да ви биде од корист во вашата цел. Тие овозможуваат да добиете два напитоци по екстра акциска цена! Препорачуваме да ја погледнете акцијата на овој линк, а производите може да ги набавите од нивната онлајн продавница или ако се јавите на броевите 078215929 и 02 270 0028, па да добиете повеќе информации и совети од прва така. SLC напитоците се нискокалорични додатоци во исхраната (1 порција – 200 калории) кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната фигура уживајќи во еден од трите вкусови: чоколадо, јагода и ванила. Активните состојки на кафето арабика придонесуваат во драстично намалување на апетитот, а тоа ќе ви помогне да внесете помалку калории и долгорочно да постигнете поздрави навики во исхраната, да го забрзате метаболизмот и да се ослободите од поткожните масти. 

сок од зеленчук за витка линија - слабеење

Ви препорачуваме да прочитате: 7 напитоци за слабеење и фит тело.

Сподели: