Со што почеста консумација на праски до подобро здравје и младост 1

Со што почеста консумација на праски до подобро здравје и младост

Секојдневните избори на храна се отсликуваат во нашето тело и на нашето лице. Затоа е важно секојдневно да јадеме доволно свежа и сурова храна, а тоа вклучува и честа консумација на праски, пиење на доволно вода и редовно негување во домашни услови!

Користа од праските е како широк спектар

Праските содржат доста вода, околу 80-90%, а имаат и минимален број на калории. Богати се со минерали и витамини, а посебно витамините А, Б,Ц и Е. Освен што се лековити при здравствени тегоби на срцето и крвните садови, забите и усната шуплина, се борат и против воспалителните процеси на кожата како што се акните, бубулиците и митесерите. Исто така, се препорачуваат доколку сте анксиозни, имате проблемите со нервози, депресија или стрес.

Може да ве интересира: Праски – сочна сензација одлична за здравјето.

Со што почеста консумација на праски до подобро здравје и младост 2

Праските го чуваат видот

Една од најзначајните придобивки кои се однесуваат на составот на праските е бета каротенот, кој има способност во организмот да се претвори во витамин А, што значи дека праските го чуваат видот. Но, тоа не е единствена придобивка која се однесува на очите. Најновите истражувања покажуваат дека праските се корисни во заштита од силните сончеви зраци, па се препорачува да бидат дел од секојдневното летно мени.

Праските се одлични против стареење

Содржат големи количини на витамин Ц, а тој е моќен антиоксиданс и е неопходен за здравјето на кожата. Исто така, витаминот Ц е значаен за зачувување на младоста, затоа што ја подобрува синтезата на колагенот. Така, може да запамтите дека колку повеќе витамин Ц внесувате, толку помалку брчки ќе имате, а праските се одличен богат природен извор, па не заборавајте да се освежите со нив.

Совет плус: Освен што е неопходно да се грижите за своето здравје и убавина, преку изборот на исхрана, секогаш е добро да се негувате и со правилен избор на кремови. Препорачуваме да го пробате SLC Face Lift Cream-от, кој е богат со различни видови на растителни екстракти кои ефикасно ги намалуваат и отстрануваат брчките. Во својот состав содржи антиоксиданси кои ја хранат и измазнуваат кожата, правејќи ја мека и сјајна, а ако сакате да го купите, тоа можете да го направите онлајн од линков или да се јавите на телефоните на Slim Line Club: 078 215 929 и 02 270 00 28.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни третмани со праска за борба против стареењето, докажано ја затегнува и подмладува кожата!

Сподели: