сусам

Сусам – семе на младоста и борец против лошиот холестерол

Дали знаете дека сусамот во исхраната се користел уште 1500 години п.н.е од старите Еѓипјани? Се смета дека малите семчиња од сусам со богат вкус и арома се најстариот зачин кој му бил познат на човекот. Сусамот многу често се користи во азиската кујна, а на јадењата му дава јаткаст и деликатен вкус. Најпознати јадења кое се прават од сусам е таанот – тахини паста и прекрасната алва.

Еве зошто е добро да јадете сусам

Сусамот е богат со растителни влакна, витамини и есенцијални минерали како бакар, манган, калциум, магнезиум, селен, железо, фосфор, цинк, молибден и витамин Б1. Особено значајно е тоа што сусамот во својот состав содржи две состојки: сезамин и сезамолин, кои припраѓаат во групата на специјални растителни влакна, познати како лигнани. Овие две состојки имаат ефект за намалување на холестеролот во крвта, превенирање на висок крвен притисок, а сезаминот го штити црниот дроб од оштетувањето предизвикано од слободните радикали. Како уште подобра варијанта од обичниот сусам, препорачуваме употреба на интегрален сусам, а често за полесно вклопување во разни јадења го купуваме мелениот интегрален сусам на Фила. Во секој случај, за семето од сусам се смета дека има голем број на здравствени придобивки како што се:

  • го подобрува здравјето на коските и превенира појава на остеопороза
  • позитивно влијае за здравјето на забите и спречува крварење на непцата
  • се бори против штетните радикали
  • поседува антиканцерогени својства
  • делува антиинфламаторно и го подобрува расположението.

Благодарение на состојките кои ги содржи, сусамот го успорува процесот на стареење, а маслото кое е високо ценето во светски рамки го намалува лошиот холестерол, помага при регулирање на крвниот притисок и го намалува ризикот од некои видови на канцер. Сусамовото масло во народната медицина се користи за лечење на болести кои што се поврзани со згрутчување на крвта. Ако сакате да го вкусите, препорачуваме да го пробате квалитетното ладно цедено масло од сусам на Фила.

сусам

5 супер идеи кои ќе ви помогнат почесто да користите сусам во исхраната

За да ги искористите неговите состојки и да го подобрите здравјето, ви предлагаме неколку идеи за почесто да го употребувате сусамот во исхраната:

  • следниот пат штом правите домашен леб, грицки, колачиња или мафини, додајте сусам во тестото.
  • сусамот одлично се комбинира со обарена брокула, која е попрскана со свежо цеден сок од лимон.
  • направете тахини паста, нанесете ја на парче леб и консумирајте го за појадок или ужина.
  • сусамот може да го додадете во јадења со соја сос, мелен лук во салати, зеленчук и тестенини.
  • припремете динстано пилешко месо со сусам, соја сос, лук и ѓумбир.

Ви предлагаме да прочитате: Античкото црно семе е моќен лек и во денешницата.

Сподели: