Сѐ за храна ве кани на настанот „Подобра исхрана, подобар живот“

Сѐ за храна под мотото „Подобра исхрана, подобар живот“, во малата сала на Центарот за Култура во Битола, на 10.11.2016 година (четврток), со почеток во 18:00 часот ќе одржи настан на тема „Здравјето е најважно!“.

Настанот е организиран од страна на Здружението за едукација и кулинарство Сѐ за храна, а повеќе информации за говорниците може да прочитате подолу.

подобра исхрана предавање

Предвидени се панел дискусии на различни теми – „Која храна е здрава?“, „Што да се јаде за да бидеме убави и здрави?“, Како да избереме вкусна храна кога сме надвор од дома? „Има ли начин да не си го скратуваме задоволството од вкусните мезиња?“ „Зошто е важна физичката активност за добро здравје“, „Како да ги препознаеме штетните состојки во производите кои ги купуваме“ „Зошто е важно да избираме локални производи?“ итн.

Модератори на истиот ќе бидат основачите и уредниците на веб порталот sezahrana.mk, М-р Катерина Шамбевска и М-р Марија Кочовска. Имаат објавено по 10-тина научни трудови во областа на храната. Интересот за влијанието на исхраната врз здравјето ги мотивирал да посетат повеќе курсеви од областа на храната и здравјето на светски престижни универзитети на различни теми: Исхрана и физичка активност за здравје, University of Pittsburgh; Наука за гастрономија, The Hong Kong University of Science and Technology; Исхрана, здравје и животен стил: проблеми и сознанија, Vanderbilt University School of Nursing; Детска исхрана и готвење, Stanford University; Основи на човекова исхрана, University of Florida; Исхрана за промоција на здравјето и превенирање на болести, University of California, San Francisco; Нова Нордиска исхрана, од гастрономија до здравје, University of Copenhagen инт.

Гостин предавач на настанот во врска со значењето на физичката активност ќе биде Христина Ристевска, м-р по кинезиолошки науки, наставник по спорт и спортски активности во СОУ „Таки Даскало“- Битола. Таа е аеробик инструктор со 13 годишно искуство. Има учествувано на повеќе аеробик конвенции и работилници во земјата и странство. Била мастер инструкор на неколку конвенции во земјата како и дел од организација на најмасовниот аеробик настан во земјата Fit Up Open Aerobic 2014. Учесвувала на обуки од USAID и фондацијата Институт отворено општество; стручно-научно собири и сумпозиуми со свои 20-тина објавени научни труд.

Секако, информативното предавање ќе биде надополнето со медицинско знаење. За таа цел, со своето присуство ќе не почестат Д-р Маја Ристанчевска Вукашиновиќ и Д-р Ивона Здравкова. Наскоро очекувајте дополнителни информации и за нив!

Добредојдени сте сите! Влезот е бесплатен, а бројот на седишта е ограничен. Резервирајте го вашето место на 075 861 907 или info@sezahrana.mk, секој работен ден од 11 до 17 часот.

Партнери на настанот се:

Ве очекуваме! Сите новости следете ги на официјалниот настан на Facebook „Подобра исхрана, подобар живот“.

Ви предлагаме да прочитате: Сѐ за храна учествуваше на Саем за волонтеризам 2016.

Сподели: