Телешки гулаш со црвено вино 1

Телешки гулаш со црвено вино

Ретко кој би одбил вкусен телешки гулаш со црвено вино, може да се каже дека е едно од омилените јадења на голем број луѓе. А и како не би бил, навистина има вкус кој се издвојува!

Овој пат препораката за рецептот се должи на уникатниот вкус. Тој се добива благодарение на внимателно избраните состојки и црвеното вино кое го издвојува од останатите. Испробано од Невена, слободно пробајте!

Телешки гулаш со црвено вино 2

Состојки:

  • 600 гр телешко месо без коски
  • 300 гр кромид
  • 1 морков
  • 1 домат
  • 1 лукче
  • 70 мл црно вино
  • 1 л вода
  • 1/2 лажиче црн бибер
  • 1 ловоров лист
  • 1 лажиче црвен пипер.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исецкајте го и ставете го во тенџере со масло да се пржи колку да омекне.
  2. Додадете го на коцки исеченото месо, измешајте и пржете ги заедно неколу минути мешајќи да не загоре.
  3. Потоа додадете ги исецканиот морков, лукчето, излупениот исецкн домат, пиперот, ловоровот лист, биберот, вегетата и солот и измешајте.
  4. Додадете ги виното и водата, покријте го тенџерето со капак и оставете го да вари на тивок оган 2 саати додека месото не омекне и сосот не се згусти.
  5. Готовиот гулаш послужете го топол со пире или варен ориз, наросен со сецкан магдонос. Пријатно јадење!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Лесен рецепт за телешки гулаш.

Сподели: