шпагети во сос од павлака

Тестенини во сос од павлака со маслинки и домати

Медитерански вкус за убави моменти со семејството! Благодарение на Лидија, споделуваме рецепт за тестенини во сос од павлака со маслинки и домати.

Многу е едноставен за подготовка, па секој ќе може да го направи. И што е најважно, потребни ви се неколку состојки кои сигурно ги имате дома.

тестенини во сос од павлака

Состојки:

  • 400 – 500 грама тестенини по избор
  • 4 лажици маслиново масло
  • чери домати по желба
  • маслинки по желба
  • 2 чешниња лук
  • 100 мл неутрална павлака
  • сол, мелен црн пипер и сечкан магдонос по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган се става поголема количина на вода да се вари. Водата се посолува и тенџерето се поклопува со капак. Штом водата зоврие се додаваат тестенините. Се варат со повремено мешање во зависност од упатството наведено на пакувањето.
  2. Варените тестенини се цедат. Притоа се остава 100 мл од течноста во која се вареа тестенините.
  3. Лукот се чисти и се сечка. Доматите се сечкаат на помали парчиња.
  4. На оган се става нелеплива тава да се загрее. Во загреаната тава ги додаваме маслиновото масло и лукот. Го запржуваме лукот и ги додаваме доматите, маслинките и малку од водата во која се вареа тестенините.
  5. Исцедените тестенини се цедат од водата и се додаваат во тавчето заедно со павлаката и зачините.
  6. Тавата се трга од огнот, а тестенините се мешаат убаво. Готовите тестенини во сос од павлака со домати и маслинки се служат додека се топли. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Тестенини со свежи шампињони и печеница.

Сподели: