Тестенини со доматен сос и колбаси 1

Тестенини со доматен сос и колбаси

Овој рецепт за тестенини со доматен сос и колбаси може да го разубави вашиот ден, а освен тоа да ги израдува дегустаторите околу вас! 

Како и многу други, идејата за ова јадење ни доаѓа од нашата добра пријателка со блогот Kuhinjica Mignone. Што и да пробаме од кујната на Лана, можеме само да уживаме во одличниот вкус. Еве уште еден супер вкусен рецепт.

Тестенини со доматен сос и колбаси 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Модриот патлиџан излупете го и исечете го на ленти, посолете го и оставете го да пушти сок.
  2. Потоа, наредете го врз кујнска хартија и откако ќе се ослободите од водата исечете ги на лентите на коцки.
  3. Доматите кратко ставете ги во врела вода, а потоа излупете им ја лушпата и исечете ги на коцки.
  4. Кромидот излупете го и исечкајте го на ситни коцки, па пропржете го во малку масло.
  5. Пиперката измијте ја, исечете на коцки.
  6. Колбасите исто така, исечете ги на ситни коцки, па пропржете ги заедно со кромидот.
  7. Потоа, во тавата во која се пржат колбасите додајте го претходно исечканиот зеленчук.
  8. Сите состојки динстајте ги заедно додека омекнат, а на крај посолете и додајте црн пипер по вкус.
  9. Во меѓувреме сварете ги тестенините во посолена вода, исцедете ги и измешајте ги со припремениот сос.
  10. Ситно насечкајте малку магдонос или босилек и послужете топло. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Тестенини со туна и сос од зеленчук.

Сподели: