Тиква за витка линија и добар вид

Еден од симболите на есента, кој изобилува со витамини и антиоксиданси е портокаловата тиква. Во светот постојат голем број на начини за приготвување, а кај најчесто се вари или пече.

Тиквата во исхраната на луѓето се користи многу одамна. Се смета дека потекнува од Северна Америка, а археолошките истражувања укажуваат дека тиквата се употребувала уште пред 5000 години.

Постојат голем број разни видови тикви, главната поделба е на зимски и летни тикви. Летните тикви се помеки во споредба со зимските, кои доколку се чуваат на ладно место, може да траат до неколку месеци, не губејќи ги своите својства. Во природата, тиквите се наоѓаат во најразлични форми, димензии и бои. Најчесто се среќаваат со тежина од 4 до 6 килограми, а максималната маса која може да ја достигнат е 25 килограми.

тиква

Нутритивни вредности на тиква

Тиквата е нискокалоричен зеленчук, кој во 100 грама има само 26 калории, а не содржи холестерол и заситени масни киселини. Тоа ја прави одлична храна која често пати ја препорачуваат нутриционистите кај лица кои што имаат покачен холестерол или пак за сите кои што сакаат да ја намалат својата телесна тежина.

Од витамините, тиквата богата е со витаминот А, а од антиоксидантите содржи: леутин, ксантин и каротеноиди. Доколку изедете 100 грама на тиква, вие ќе задоволите 246% од дневните потреби на организмот со витамин А. Витаминот А е природен антиоксиданс кој е потребен за правилна функција на мембраната на клетките и одржување на добар вид. Најновите истражувања покажале дека храната која е богата со витаминот А превенира појава на канцер на усната празнина и белите дробови.

Од витамините од групата Б, тиквата содржи фолати, ниацин, рибофлавин, тиамин и пантотенска киселина. Минерали кои што се среќаваат во поголеми количини се бакар, калциум, калиум и фосфор.

За да ги искористите хранливите придобивки и збогатите вкусот на приготвената тиква, ги предлагаме да ја комбинирате со цимет, каранфилче, ванила, мускатен орев и ѓумбир.

Сподели: