Топ совети со кои ќе го забавите стареењето

Стареењето ја забавува работата на срцето, ја намалува мускулната маса, ги оштетува клетките и ткивата. Меѓутоа, сите овие негативни ефекти на процесот на стареење врз здравјето можат да се ублажат со навремено прифаќање и применување здрави животни навики, правилно информирање, едуцирање и превенција.

Артерии

Со стареењето срцето почнува побавно да работи и станува помалку ефикасно, но овие природни промени, главно, влијаат само на способноста на срцето да се справи со напорот. Како што старее организмот, така се оштетува внатрешноста на крвите садови, тие стануваат посклони кон инфламација и појава на масни талози, а со тоа се ограничува и протокот на крв. За да го зачувате здравјето на артериите, вежбајте три пати неделно, возете велосипед или трчајте. Покрај редовната физичка активност, внимавајте на исхраната. Почесто јадете свежа, помалку обработена храна. Рафинираните масла заменете ги со ладно цедени масла, како што е маслиновото.

стареење

Сочувајте го помнењето и здравјето на мозокот

Покрај здравата исхрана, за да се сочува здравјето и функциите на мозокот, се препорачуваат и активности кои бараат понапорно размислување. Особено се корисни учењето на нов јазик, решавањето на загатки и крстозбори.

Некои истражувања велат дека умерената физичка активност од еден час, три пати неделно, може да помогне за зачувување на помнењето. Високиот крвен притисок и холестеролот го забрзуваат процесот на стареење на мозочните клетки. Затоа се препорачуваат редовна физичка активност, храна богата со омега 3 масни киселини и антиоксиданси.

Зачувајте ги мускулите

Стареењето и намаленото лачење на одредени хормони предизвикуваат губење на мускулната маса. Неправилната исхрана и недоволната физичка активност ги забрзуваат овој процес. Протеините од храната се најважни за здравјето на мускулите. Се препорачува да се внесуваат 2 грама протеини дневно за секој килограм од вашата идеална телесна тежина. Едно парче пилешко месо содржи околу 45 грама протеини. Покрај протеините, важно е да се внесуваат и соодветни количини на калиум кои ги има во спанаќот, слаткиот компир, грав, брокула, авокадо…

Не заборавајте на секојдневната нега на лицето

Со стареењето се појавуваат брчки на лицето, па затоа се препорачува хидартација. Редовниот пилинг, користењето на маски и секојдневното нанесување на крем се дел од факторите за убава и сјајна кожа. За да ја задржите влажна и нахранета вашата кожа, користете маска за нејзино хранење барем два пати неделно. За оваа намена ви препорачуваме да ја пробате маската за лице SLC Pure Skin Multi Peptide Mask . Таа содржи мултипептиди и Hydrolyzed Sclerotium Gum, комбинирани со мигдалична киселина и растворлив Е витамин. Оваа маска за убавина е формулирана така да ги избрише знаците на оштетување на кожата од стареење и да и помогне за да се обнови и да добие младешки тен. Исто така, ја навлажнува кожната отпорна мембрана, ја прави мека како свила, целосно се апсорбира во структурата на кожата и создава одлично чувство на свежина и мазност при допир. Сега може да ја искористите Осмомартовската акција и да ги порачате SLC Multipeptide Mask + SLC Belly Patch + Slimline Acai Berry 1/12 ,  со 40% попуст, по цена од 798 денари. Акцијата трае од 06 до 12.03.2017 година. За повеќе информации и нарачки посетете ја веб продавицата на SlimLine Club или јавете се на 078 215 929.

Ви предлагаме да прочитате: 5 лесни начини да го забавите процесот на стареење.

Сподели: