Топ 5 зачини кои го загреваат телото во ладните денови

Еден од најлесните и најздравите начини да ни биде топло во ладниот период од годината е да јадеме храна која загрева. А тука меѓу првите намирници се овие зачини кои го загреваат телото. 

Храната која е нутритивно богата во кинеската медицина се вика јанг, а карактеристично е тоа што содржи неколку активни состојки кои помагаат да се зголеми телесната температура. Намирниците кои ја зголемуваат топлината во телото, според кинеската медицина може да делуваат на следните начини: ја подобруваат циркулацијата или помагаат да се исфрли вишокот на вода од телесните ткива. Семките, јаткастите плодови, овесот, кромидот и лукот претставуваат класични примери на намирници кои имаат ваков ефект. Меѓутоа, некои од намирниците кои најмногу го загреваат телото се зачините. Најефикасните 5 зачини кои скоро секој ги има дома и може да ве затоплат во ладните денови се следните:

зачини кои го загреваат телото

Цимет

Овој зачин е сладок и ароматичен, содржи танини кои ја стимулираат и сушат слузокожата, па со тоа придонесуваат да се зголеми телесната температура. Циметот е природен антиоксиданси, кој го зголемува протокот на крвта и го поттикнува метаболизмот. Направете варено вино со портокал, јаболко и цимет, и уживајте во ладните денови со добро друштво.

Куркума

Ајувердската медицина ја смета куркумата за една од најдобрите билки за загревање, а науката тоа го има и потврдено. Куркумата, како и циметот содржи изобилство од танини кои помагаат да се елиминираат вишокот на течности од телото. Со овој процес, како што споменавме во целина се зголемува телесната температура. Докажано е дека активните состојки во овој зачин помагаат да се нормализира циркулацијата на крв и да се подобри здравјето на крвните садови. Освен тоа, куркумата е природен зачин и лек кој штити од рак. Ако досега не сте користеле куркума, време е да ја набавите.

Ѓумбир

Интересно е што куркумата и ѓумбирот припаѓаат во истата фамилија на билки, Zingiberacea. За ѓумбирот познато е дека е еден од најефикасните природни лекови кои ги смируваат мачнините во желудникот. Но, исто така, тој го загрева телото, благодарение на лутите масла кои ги содржи, познати под името гингероли. Ѓумбирот ја подобрува циркулацијата на целото тело, а од него може да направите и напиток против надуеност.

Лут пипер

Црвениот лут пипер содржи голема количина на капсаицин, состојка која има јак ефект на загревање. Капсаицинот, покрај другите состојки го забрзува метаболизмот и ја зголемува внатрешната температура на телото. А освен лутиот пипер како зачин, постојат бројни причини за повеќе да јадете и црвени пиперки.

Кардамом

Овој ароматичен зачин, потекнува од Индија и Шри Ланка, а содржи цинеол во голема количина. Цинеолот делува стимулативно на белите дробови, помага за елиминирање на слузта при настинки и грип во дробовите и дишните органи, а придонесува и за загревање на телото. Овие две особини го прават идеален зачин во ладните зимски денови. Освен што го загрева телото, кардамомот го поттикнува варењето на храната и помага при гасовиКористите ли кардамон? Прочитајте зошто е корисен.

Ви предлагаме да прочитате: 5 лековити зачини кои мора да ги имате во вашата кујна.

Сподели: