купување на риба

Топ 5 совети кои треба да ги знаете при купување на свежа риба

За рибата се вели дека е едно од најздравите меса, па се препорачува најмалку два пати неделно да ја консумирате. Прв чекор за нејзино почесто консумирање е изборот на свежа и квалитетна риба. Еве неколку совети за купување на свежа риба кои ќе ви бидат од голема корист.

Свежата риба е достапна преку целата година. А она што е најважно за сите нас е таа да има добар квалитет. Затоа при купувањето на риба, важно е да посветите внимание на неколку совети, кои ги знаат искусните готвачи.

купување на свежа риба

Рибата може да ја послужите како главно јадење за ручек или вечера. За нејзиното приготвување не се потребни многу додатни состојки за да добиете вкус кој ќе ве воодушеви.

Како да препознаете и купите свежа риба?

Сите очекуваме дека ќе купиме свежа риба со добар квалитет, но тоа во реалноста не е баш така. При подготовката на рибата, треба да направите двојна процена, прво во продавницата, а потоа дома.

Знаете ли каков мирис и изглед треба да има квалитетната риба? Овие топ 5 совети мора да ги знаете при купување на свежа риба.

Помирисајте ја

Доколку купувате свежа риба, таа треба да има благ мирис. Доколку рибата мириса интензивно, тогаш таа не е свежа.

Забележете ги очите на рибата

Ова е еден од најлесните знаци кој доволно кажува за свежината на рибата. Очите на рибата треба да бидат сјајни и чисти.

Допрете ја рибата

Текстурата на рибата треба да биде цврста. Доколку при допир забележите дека месото е меко и не се враќа во првобитната состојба, рибата не е свежа.

Обрнете внимание на бојата на жабрите

Жабрите на рибата треба да бидат светло црвени. Избегнувајте да купувате риба која има кафеави или сиви жабри.

Погледнете ги крлушките

Крлушките треба да бидат сјајни и цврсти. Доколку се лабави и лесно паѓаат, тоа укажува дека рибата не е свежа.

Ви препорачуваме да прочитате: Отстранете го непријатниот мирис на рибата.

Сподели: