Традиционален рецепт за сочна либанска торта со гриз 1

Традиционален рецепт за сочна либанска торта со гриз

Во една убава прилика имавме можност да го дегустираме ова убаво нешто, приготвено директно од арапите. Ни кажаа дека станува збор за традиционален десерт кој е обожаван од луѓето таму и туристите, па токму затоа е дел од менито на сафари прошетката низ пустината. Добро го пофалија десертов, а и со право, па веднаш кога го здогледавме кај Лидија рецептот за либанска торта со гриз, знаевме дека е добра идеја да се објави.

Брзо и прелесно е за подготовка, а вкусно и сочно и тоа како! А, на Лидија, срдечно и се заблагодаруваме што го сподели со сите нас рецептот кој ни врати убави спомени и кој се надеваме и вас ќе ве одведе во свет на нови дегустативни доживувања!

Традиционален рецепт за сочна либанска торта со гриз 2

Состојки:

*за 8-10 парчиња

За шербет:

  • 180 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • неколку капки сок од лимон

За торта:

  • 1,5 литар млеко
  • 210 гр гриз

За декорација:

  • 300 мл неутрална или слатка павлака
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • фстаци или јаткасти плодови по потреба.

Подготовка:

  1. Најпрво се прави шербетот. Се ставаат сите состојки во сад на ога и течноста се вари додека шечерот се растопи или околу 5 минути откако ќе зоврие. Потоа, се остава да се излади.
  2. Млекото и гризот се ставаат на оган, а треба да мешате постојано, додека смесата стане густа и мазна.
  3. Гризот се турва врз сад за сервирање и се остава да се излади.
  4. Павлаката, заедно со ванилиниот шеќер се мати во цврст снег, а штом гризот е изладен, тортата се декорира со неа и се поросува со сечкани или мелени фстаци.
  5. Секое сечено парче се прска со шербет и се послужува. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, а повеќе фотографии може да погледнете на нејзиниот блог.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за турска раванија со гриз и кисело млеко.

Сподели: