Со една намирница отстранете го непријатниот здив од лук 1

Со една намирница отстранете го здивот од лук

Лукот е најдобро да го јадеме свеж и неприготвен, но после консумацијата останува неугоден мирис кој може да се намали само со една намирница која сите ја имаме дома! Дознајте како да го отстраните непријатниот здив од лук на прелесен начин!

Лукот е една од најлековитите и најсестраните намирници кои ги познаваме. Полн е со антиоксиданси кои го зајакнуваат организмот, одличен е за лечење на сезонски настинки и грип, како и поттикнува излачување на токсините од организмот. Повеќе за користа од лукот може да прочитате тука.

Со една намирница отстранете го здивот од лук 2

Јаболкото ќе ви помогне да го неутрализирате мирисот на лук

Како што спомнавме, за да ја уживаме неговата корист во најголема можна мера, треба да го јадеме суров. Но, што со непријатниот здив? Тоа е една од главните причини заради која многумина го избегнуваат.

Има лесно и многу едноставно решение. Изедете свежо јаболко! Постојат докази дека ензимите од јаболката, заради кои плодот потемнува ако го оставите пресечен, делуваат како природен дезодоранс на здивот предизвикан од сулфидите на лукот. Не двоумете се и пробајте дали и вас ќе ви делува!

Ако ве интересира како постојано да имате свеж здив прочитајте кои 12 лесни совети може да ви помогнат во тоа.

Исто така, одредени намирници, цигарите и алкохолот може да доведат до лош здив, но тоа за среќа е привремен проблем. Ако веќе долго време мачите мака со здивот, а имате здрави заби, веројатно се работи за бактерии. Консултирајте се со својот доктор затоа што тоа не е проблем без решение и може да се ослободите од него многу брзо. Покрај тоа, следете ги следните совети:

  • Одржувајте ја оралната хигиена правилно и редовно.
  • Пијте многу вода.
  • Освежете се со гума за џвакање без шеќер.
  • Престанете да пушите, намалете ја консумацијата на кафе и алкохол.
  • Пијте јогурт, а избегнувајете консумација на свеж лук и кромид, доколку планирате да излегувате од дома.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 намирници кои го неутрализираат мирисот од лук после оброкот.

Сподели: