Пригответе ги празничните трпези со Кристал и освојте награда

Вклучи се во наградниот натпревар „Пригответе ги празничните трпези со Кристал и освојте награда“ и биди потенцијален добитник на награда! Направи го твојот омилен празничен рецепт со Кристал производи и фотографирај го со користениот производ/и, а потоа сподели ја сликата заедно со опис на рецептот во коментар на објавата на фан страницата на Сѐ за храна. Секоја недела 3 учесници ќе бидат наградени со пакет производи од палетата на Кристал!

Сакаш да готвиш и правиш вкусни јадења?! Време е Кристал да те награди за твојата умешност во кујната. Започнуваме денес на 23.12.2016 година, а наградниот натпревар ќе трае цел месец до 23.01.2017 година. Секоја недела ќе се доделуваат 3 награди на најдобрите рецепти кои се приготвени со производи од Кристал. Предност за подарок ќе имаат учесниците кои ќе употребат повеќе од еден производ на Кристал во своите рецепти и секако ќе мора да ги исполнат правилата на учество.

трпеза со Кристал

Правила за учество во наградниот натпревар:

  1. Рецептот мора да биде приготвен од учесникот кој го пријавува.
  2. Фотографијата од рецептот мора да биде на учесникот и на истата да биде прикажан најмалку 1 производ од палетата на Кристал.
  3. Со фотографијата мора да биде напишан и детален опис на состојките и подготовката, а најдобрите рецепти ќе бидат објавени на sezahrana.mk со име и презиме на авторот.
  4. За да биде валидно учеството, објавата на фан страницата на Сѐ за храна треба да ја споделите со Public (Јавно) на својот профил и да ставите Like (Ми се допаѓа) на фан страницата на KRISTAL.

При подготовката на рецептите, може да користиш различни производи од Кристал:

  • Кристал масло за готвење.
  • Маргарини Кристал: првокласен маргарин Кристал, универзален маргарин, трпезен маргарин, маргарин за кремови и колачи, софт маргарин, диет маргарин, растителна мрс.
  • Слатка линија Кристал: локум ружа, локум бел, локум со ореви и локум со кокос; таан алва бела и со какао; желе бонбони и слатко од смокви.
  • Еленка зачин од Кристал и мелена сол.
  • Кристал додатоци и преливи: екстра таан, шеќер, шеќер во прав, нишесте, кокосово брашно, сусам и какао.
  • Оцет од Кристал: прехранбен, вински и јаболков оцет.
  • Пченкарни производи од Кристал: палента и пченкарно брашно.
  • Соја производи од Кристал: соја трошки, топчиња и шницли.
  • Зрнести производи од Кристал: леќа, грав и ориз.

Секој рецепт ќе биде прифатен ако задолжително на фотографијата и во описот содржи производ/и од Кристал. Колку повеќе рецепти пријавиш, толку поголеми ти се шансите да освоиш подарок. За да учествуваш, твојата фотографија и рецепт прикачи ги во коментар под оваа објава! Среќно!

Важно: Деталите околу правилата на наградниот натправар, прочитајте ги тука.

Кристал е верен пријател на твојата кујна!

Сподели: