Факти и совети за полесно губење на масните наслаги 1

Факти и совети за полесно губење на масните наслаги, а не само губење на килограми

Постои огромна разлика помеѓу намалување на килограмите и елиминирање на масните наслаги. Има некои нешта кои е важно да ги знаеме за побрзо да стигнеме до обликувано и витко тело. Тоа подразбира, зачувување на мускулите и нивно оформување, а при тоа постигнување на губење на масните наслаги кои се вистинката пречка во расположението и изгледот.

Клучни разлики кои сите треба да ги знаеме

Под губење на килограмите се подразбира помала бројка на вагата. Таа бројка ја претставува целокупната килажа на целото тело измерена во килограми. Од другата страна пак, под губење на масни наслаги се подразбира редуцирање на количеството на масно ткиво насобрано на телото. Па, ако од 25% масно ткиво, успеете да го намалите на 20%, вие сте изгубиле 5% од масното ткиво. Веќе имате причина за славење! Ова можете да го постигнете со правилна исхрана и правилен тренинг. Како резултат на овие активности ќе добиете подобрена општа подготвеност на телото, повеќе сила, подобри перформанси, одложено стареење и намален ризик од заболувања.

Факти и совети за полесно губење на масните наслаги 2

Што правите погрешно?

Секој ден кардио вежби

Наместо секојдневните кардио вежби, вежбајте во интервали. Тренингот во интервали вклучува серии на вежби од низок до висок интензитет, помеѓу кои се прават паузи. Периодите со висок интензитет вообичаено се анаеробни вежби, додека вежбите со низок интензитет го закрепнуваат телото. Ваквите вежби согоруваат повеќе калории во ист распон на време, го стимулираат губењето на масните наслаги, како и поволно влијаат на метаболизмот поттикнувајќи го согорувањето на мастите и по вежбањето.

Погрешно мамите во исхраната

Мамењето е во ред, се додека го правите правилно. За време на дефицит на калории, нивото на хормонот лептин во телото опаѓа и тоа треба да се подобри. Лептинот е хормон кој го контролира губењето на телесната тежина и се бори против изгладнување. За да го обновите нивото на лептин од време на време потребен ви е оброк богат со јаглехидрати. Клучно во оваа реченица е „богат со јаглехидрати“, а не „богат со масти“. Храната богата и со јаглехидрати и со масти ќе ги испрати хранливите состојки до вашите масни клетки и ќе го уништи вашиот прогрес.

Не внесувате доволно протеини

Намаленото внесување на протеини ќе го забави губењето на масните наслаги бидејќи вашето тело всушност согорува повеќе калории кога ги обработува протеините отколку со кој било друг макронутриент. Протеините, исто така прават да се чувствувате сити и ја одржуваат мускулната маса. Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со протеини го подобрува тонусот на телото, маркерите на холестерол и нивоата на инсулин подобро од исхраната со умерено количество на протеини. За секој килограм телесна тежина дневно внесувајте 2 грама протеини.

Не станувате посилни

Престанете да го запоставувате вежбањето со тегови кога се обидувате да ги намалите масните наслаги. За време на дефицит на калории вашето тело има тенденција да ја намалува мускулната маса. Повеќе мускули значат и подобрен метаболизам, со што се зголемува и бројот на калории кои ги согорувате во текот на денот. Најдобриот начин да го спречите ова е да почнете да вежбате напорно. Кога вежбате фокусирајте се борба против губењето на мускулната маса со тоа што ќе користите помали или потешки тегови.

Се изложувате на премногу стрес

Менталниот и физички стрес го ограничува губењето на масното ткиво бидејќи го покачува нивото на хормонот кортизол. Високите нивоа на кортизол го попречуваат лачењето на тестостеронот, кој е одговорен за градење на мускулите, што води до зголемување на масните наслаги (особено во пределот на абдоменот), па дури и слабеење на коските. Одвојте време за да се релаксирате во текот на денот со активности како јога, истегнување и вежби со дишење. Воедно, одвојте барем еден ден во неделата во кој нема да вежбате со цел да спречите претерано оптоварување на телото, што исто така може да доведе до производство на кортизол.

Што друго може да ви помогне?

Пијте повеќе и избрани течности

Пијте доволно течности, посебно вода и чаеви. Тоа ќе ви помогне да останете хидрирани и да го забрзате метаболизмот. Еве еден испробан рецепт за домашен чај кој го забрзува метаболизмот.

Обично кафето не е голем причинител за зголемување на телесната тежина, меѓутоа многу често за подобар вкус се комбинира со млеко, па се зголемува содржината на калории и масти. Затоа, при ригорозни диети се исклучува консумирањето на кафето. Знаејќи го ова, нашите пријатели од Slim Line Club развија сопствен производ, во чиј состав влегува најдоброто и највкусно кафе Арабика, па често може да слушнеме дека се нарекува гурманско кафе. Slim Line Coffee е добар стимулатор е на централниот нервен систем, а кофеинот го забрзува метаболизмот, со што се намалуваат масните наслаги во телото и ќе се зголемуваат физичките перформанси. Кофеинот во кафето исто така ја подобрува концентрацијата, будноста, вниманието, меморијата и на долгорочен план заштитува од намалување на когнитивните способности на мозокот.

Исто така, можете да си подготвите напиток со двојна намена за детоксикација и слабеење, а рецептот можете да го прочитате ако кликнете овде.

Вклучете помош на природни додатоци за слабеење

Како такви можеме да ги посочиме Slimline Acai Berry капсулите на нашите пријатели SlimLine Club. Во последниве денови, нивното пакување доби нов, модерен и уникатен изглед, а внатре е сместена истата делотворна формула. Така, моментално можете да купите по промотивна цена од старото пакување за 338 денари (со 12 капсули). Додека, новото пакување достапно е со цена од 1398 денари. Па, доколку сакате да ја искористите можноста, јавете се на телефоните 078 215 929, 02 270 0028, или кликнете на линкот за да купите од нивната онлајн продавница.

Масирајте се за да се ослободите од целулитот

Кога станува збор за антицелулитен крем, можеме да го посочиме и препорачаме SLC Beauty Body антицелулитниот крем кој е составен од ефикасни состојки кои помагаат во борбата со тврдокорниот и тешко отстранлив целулит.

Ви препорачуваме да прочитате: Која е тајната на слабеењето?

Сподели: