Хранлив оброк во чаша со SLC шејк од чоколадо 1

Хранлив оброк во чаша со SLC шејк од чоколадо

Хранливо, вкусно и чоколадно, а надополнето со неодоливата арома на бананата. Вкусна сензација за убави утра полни со енергија и расположение! Потребни ви се помалку од 5 минути за да си направите совршен оброк во чаша со SLC шејк од чоколадо.

Уживаме во кратките видео упатства на нашите пријатели од SlimLine Club! Овој пат тие имаат предлог за екстра брза и многу едноставна подготовка на заменски оброк во чаша со SLC Meal Replacement – Chocolate. Како залагачи за фит фигура на што поздрав начин, овој рецепт е подготвен така што содржи 200 калории, при што 17 грама од нив припаѓаат на протеините, а во својот состав има и 21 витамин и минерал. Чоколадниот хранлив оброк во чаша е корисен за повеќе нешта и тоа:

  • ја намалува желбата за храна
  • го регулира и намалува апетитот
  • го зголемува нивото на енергија
  • ја подобрува дигестијата
  • има низок гликемиски индекс
  • одличен е за имуниот систем.

Состојки:

  • 1 банана
  • 200 мл обезмастено млеко (со 1,5% млечни масти)
  • 2 лажици SLC Meal Replacement – Chocolate (20 гр SLC Meal Replacement од чоколадо).

Подготовка:

  1. Бананата излупете ја и по желба исечете ја на кругови, па ставете ја во блендер.
  2. Потоа додајте го млекото и на крај двете лажици шејк од чоколадо.
  3. Зависно од блендерот, блендирајте 2-3 минути, а штом видите дека содржината убаво се измешала може да престанете со блендирањето и да преминете на сервирање на напитокот. Погледнете го краткото видео и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадна торта со урми без шеќер и без брашно.

Сподели: