Целуфки со фстаци и чоколадо 1

Целуфки со фстаци и чоколадо

Секој пат кога ја посетуваме страницата на нашата пријателка Лана наидуваме на вистински гозби за очите! Па, како да одолееме да споделиме вака интересен рецепт за целуфки со фстаци и чоколадо?

Одлични се како сладок додаток на омиленото кафе или чај. Ваков и други слични рецепти може да најдеме на блогот Кuhinjica Мignone.

Целуфки со фстаци и чоколадо 2

Состојки:

  • 2 белки
  • малку лимонов сок
  • 100 гр шеќер
  • 50 гр црно чоколадо
  • 40 гр сечкани и излупени фстаци.

Подготовка:

  1. Белките со неколку лажички лимонов сок, изматете ги во цврст снег.
  2. Постепено додавајте го шеќерот и матете уште малку додека се формира сјајна и мазна пена.
  3. Плехот за печење обложете го со хартија за печење.
  4. Наполнете готварски шприц со изматените белки и врз хартијата за печење истиснете форми на целуфки по желба.
  5. Печете ги/сушете ги во загреана рерна на 100 степени за време од 1 час.
  6. Фстаците исечкајте ги на ситни парчиња.
  7. Чоколадото растопете го, а потоа готовите цекуфки извалајте ги во него од рамната страна. Веднаш потоа на чоколадниот слој налепете од исечканите фстаци и направете „бакнеж“, односно составете две целуфки. Послужете и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Непечена торта со целуфки и овошје.

Сподели: