чај од магдонос за слабеење

Чај од магдонос за намалување на целулитот

Ако сакате да го прочистите организмот и да го намалите целулитот, пијте чај од магдонос. Лековиот чај од магдонос се прави и користи за исфрлање на вишокот на течности, за бубрезите, како лек за уринарни инфекции, редовна менструација, а добар е и за лицето. Како се припрема чај од магдонос за слабеење и за што е добар ќе дознаете во продолжение на текстот. Лековити се листот, плодот и коренот од магдонос.

Магдоносот е одличен за здравјето, затоа што оваа билка изобилува со витамини и минерали. Богат е со витамин Ц, А, Б1 и Б2. Магдоносот е богат со калиум и е одличен диуретик. Благодарение на количината на железо која ја содржи, се препорачува во исхраната при анемија. Содржи етерични масла, миристицин и флавоноиди. Овој чај има широк спектар на дејства, така што делува на намалување на притисокот и холестеролот. Може да користи за подобрување на варењето на храната, ги смирува цревата и ги отстранува гасовите. Исто може да помогне да се отстрани лошиот здив од устата. Пробајте и уверете се.

чај од магдонос

Употреба на чајот од магдонос како помошник за намалување на целулитот

Во поново време чајот од магдонос се пие како диететски напиток. Се верува дека помага за намалување на целулитот, тоа што го забрзува исфрлањето на течностите. Со пиењето на чај од магдонос се делува превентивно, со што прекумерната количина на сол не се апсорбира во телесните ткива. Лековитиот чај од магдонос помага за исфрлање на токсините од бубрезите, мочниот меур, црниот дроб и желудникот, како и од другите делови од телото. На тој начин, чајот од магдонос оневозможува настанување на целулит, односно таложење на масни наслаги и зголемување на телесната тежина.

Како да направите чај од магдонос за намалување на целулитот

Чајот од магдонос се припрема од листот или коренот, од сувиот или свежиот магдонос. Една лажица свеж или сув магдонос прелијте ја со 200 мл варена вода и оставете ја поклопена 10 минути. Потоа, чајот процедете го и пијте го топол. Оставете го да се излади целосно, па додајте лимон и мед во чајот. Пијте до 3 шолји на ден. Најдобро е да се пие меѓу оброците. Не се препорачува да се пие на вечер, затоа што го поттикнува мокрењето.

Покрај пиењето на чај од магдонос за да постигнете подобри резултати, правете масажа на кожата, вежбајте и користите антицелулитни кремови. Кога станува збор за антицелулитен крем, можеме да го посочиме и препорачаме SLC Beauty Body антицелулитниот крем кој е составен од ефикасни состојки кои помагаат во борбата со тврдокорниот и тешко отстранлив целулит. За уште поголем ефект се препорачува и  антицелулитниот пакет (Anticellulite Kit) со кој дополнително ќе имате:

  • Видливо намален целулит
  • Измазнета и зајакната кожа
  • Губење на килограми
  • Целосна детоксикација
  • Дневна доза антиоксиданси.

Ви предлагаме да прочитате: Целосна програма за отстранување на целулитот.

Сподели: