Чили кон карне - традиционално мексиканско јадење 1

Чили кон карне – традиционално мексиканско јадење

Ова е совршен оброк за опуштено дружење со пријателите или вкусно уживање со домашните. Чили кон карне е традиционално мексиканско јадење кое е зачинето со одмерена количина на зачини кои му даваат уникатен вкус. Рецепт кој вреди да се проба!

Во оваа прилика ви го презентираме испробаниот рецепт од нашата драга соработничка Лидија. Брзо и вкусно!

Чили кон карне - традиционално мексиканско јадење 2

Може да ве интересира: Мексиканско тако со домашни тортиљи.

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 400 гр сос од домати
  • 400 гр варен грав
  • 1 коцка говедска супа
  • 1-2 зелени пиперки
  • 1/2 луто чили пиперче
  • сол и црн пипер по вкус
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Кромидот, лукчето и пиперките се мијат, се чистат и се сечкаат, а потоа се пржат во тава на оган со малку масло.
  2. Потоа се додава месото и со повремено мешање се запржува.
  3. Штом месото е пржено, се додава доматниот сос, коцката за супа и зачините. Се остава да вари на тивок оган околу 5 минути.
  4. На крај се додава и претходно сварениот грав, се промешува и се остава уште неколку минути на тивок оган. Се послужува со варен ориз и свежа салата, на здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен мексикански зачин за тако.

Сподели: