Чоколаден мус без јајца

Во потрага сте во по брз, лесен и летен чоколаден десерт? Вашата потрага завршува сега! Имаме идеален предлог за летните топли денови. Пробајте го овој чоколаден мус без јајца. 

Предлог ни доаѓа од кујната на Лидија, која рецептот го објави на нејзиниот блог Slatki Tajni. Нам многу ни се допадна, па затоа го споделуваме со сите.

чоколаден мус без јајца

Состојки:

  • 4 лажици какао
  • 2 лажици шеќер
  • 100 мл млеко
  • 200 мл неутрална или слатка павлака
  • 50 грама чоколадо
  • 100 грама шумско овошје по желба.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган се става млекото да за загрее. Во загреанто млеко се додаваат шеќерот и какаото. Се меша со жица за матење за да се добие хомогена смеса.
  2. Павлаката се става во сад за матење. Се мати со миксер додека се добие хомогена смеса.
  3. Чоколадото ситно се сечка.
  4. Во садот со матената слатка павлака се додаваат млекото со какаото и ситно сечканото чоколадо. Смесата се меша со лажица.
  5. Во 4 чаши се става од мусот. Чашите се ставаат во фрижидер за време од 1 час. Се декорираат со шумско овошје по желба и се служат. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколаден мус.

Сподели: