Чоколадна чизкејк торта 1

Чоколадна чизкејк торта

Совршена комбинација за сите љубители на кремасти и чоколадни вкусови! Катерина направи преубава чоколадна чизкејк торта која е одлична за во разни пригоди. Се прави доста лесно, а еве го рецептот!

Може да ве интересира: Крцкав чизкејк колач со лиснато тесто.

Чоколадна чизкејк торта  2

Состојки:

  • 250 гр рикота
  • 250 гр шеќер
  • 3 јајца
  • 80 гр брашно
  • 75 гр какао
  • 100 гр растопен путер
  • 1 кесичка прашок за печиво.

За премачкување:

  • 100 гр црно чоколадо
  • 1 лажица масло.

Подготовка:

  1. Во длабок сад за матење ставете ги рикотата и шеќерот. Изматете ги убаво со миксер.
  2. Со непрекинато матење, едно по едно додајте ги јајцата.
  3. Матете уште 5 минути, а потоа додајте го брашното, кое претходно сте го измешале со печивото.
  4. Измешајте убаво со жица за матење и додајте ги какаото и растопениот путер. Па, изматете убаво уште еднаш за да не останат грутчиња.
  5. Смесата турете ја во тркалезен калап, по можност со обрач. Премачкајте го со путер и набрашнете го.
  6. Во претходно загреана рерна на 180 степени, печете за време од 30 минути.
  7. Во меѓувреме на пареа растопете го чоколадото со малку масло.
  8. Испечената и изладена торта премачкајте ја со растопеното чоколадо и послужете. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Визитарски колачи чизкејк коцки.

Сподели: