орео бомбици

Чоколадни орео бомбици

Ако ви се јаде нешто благо или сакате да подготвите вкусен десерт за пријателите, ви предлагаме да ги пробате чоколадните бомбици со орео колачиња и крем сирење. Вака направените бомбици се многу популарни ширум светот, па затоа го преработивме рецептот. Овие чоколадни орео бомбици се неодоливо кремасти, а истовремено и крцкави поради орео бисквитите. Совршени се и за претстојниве празници, бидејќи се прават многу брзо, а се многу вкусни и декоративни.

Доколку овие бомбици ги закачите на стапчиња за ражничи, ќе добиете совршен десерт за детските родендени, а децата просто ќе ги обожаваат.

орео бомбици

Состојки:

  • 1 пакување орео или некои други чоколадни бисквити
  • 240 грама несолено крем сирење
  • 200 грама бело или црно чоколадо
  • 2 лажици масло за готвење.

Подготовка:

  1. Бисквитите измелете ги.
  2. Во иситнетите бисквити додајте го крем сирењето, па се добро промешајте додека добиете хомогена смеса. Подготвената смеса за бомбици ставете ја во фрижидер за да се стегне.
  3. Од изладената смеса обликувајте ги бомбиците.
  4. Чоколадо растопете го во сад на пареа. Во чоколадото додајте 2 лажици масло и измешајте. Можете да користите и бело и црно чоколадо, па да добиете бомбици во две бои.
  5. Изладените бомбици прелијте ги со растопеното чоколадо и украсете ги по ваша желба. Доколку сакате можете да ги закачите и на стапчиња за ражничи и да ги изненадите најмалите. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Визитарски колачи чизкејк коцки.

Сподели: