Што и кога да јадете пред тренинг за да постигнете најдобри резултати?

Ако сакате успешно да ги намалите килограмите, треба да знаете дека многу важно е времето на оброците во однос на времето на вежбање. Има разлика дали вежбате наутро, попладне или навечер, па затоа треба да знаете што и кога да јадете пред тренинг за што побрзо да ја постигнете посакуваната цел.

Ако вежбате наутро

Главниот извор на енергија на вашето тело е гликогенот. Тој претставува јагленохидрат кој се раствора и складира во мускулите и црниот дроб. Телото никогаш не е во состојба на мирување, а и преку ноќта кога спиеме се црпат залихите кои даваат енергија.

Ако имате навика да вежбате наутро, пред тренинг задолжително појадувајте. Направете си оброк кој содржи 200 до 300 калории од овошје, житарки во цело зрно и мала количина на протеини.

Може да ве интересира: 7 причини зошто е подобро да вежбате наутро.

јадење пред тренинг

Ако вежбате попладне

Ако имате слободно време за тренинг околу ручекот, тогаш најдобро е да јадете после вежбањето, затоа што во организмот имате доволно гликоген од појадокот, па без проблем ќе го издржите ручекот. Од друга страна истражувањата покажале дека калориите од ручекот побрзо ќе се согорат ако ги внесете по вежбањето.

За ручек изедете богат оброк со протеини, зеленчук и житарки од цело зрно, најмалку 30 минути после вежбање.

Ако вежбате навечер

Ако преферирате да вежбате во вечерните часови, бидете внимателни затоа што вежбањето после обилна вечера може да ве забави, да ве направи тромави, па и да ви предизвика мачнина за време на тренингот.

Доколку вежбате навечер, изедете обилен појадок и ручек, а за вечера пригответе си полесен оброк кој не содржи повеќе од 500 калории.

Што велат од Slim Line Club на оваа тема?

За вежбањето и губењето на килограмите совет побаравме од Slim Line Club. Тие имаат два производи со кои топењето на килограмите и тренингот може да станат полесни. SLC Energy Boost Tablets и SLC Energy Boost Coffee (топач на калории со 100% Арабика кафе и L-Carnitine) се диетететски суплементи за активни луѓе или спортисти. Овие продукти се наменет за регулирање на телесната тежина и подобрување на атлетската издржливост.

Активните состојки придонесуваат за:

  • зголемување на енергијата
  • зголемување на силата и истрајноста
  • намалување на апетитот
  • топење на маснотиите.

За повеќе информации околу SLC Energy Boost Tablets и SLC Energy Boost Coffee јавете се на телефоните 078 215 929 или 02 270 0028.

Ви предлагаме да прочитате: И со напорно вежбање не успевате да ги намалите килограмите? Прочитајте зошто!

Сподели: