јагоди за чиста, сјајна кожа

Јагоди за чиста, сјајна кожа без акни и брчки

Јагодите се вкусни овошки кои први зреат во пролет. Тие се нарекуваат и супер овошје, кое е богато со антиоксиданси и витамин Ц, кои ја хранат кожата и и даваат свеж изглед. Истражувањата покажале дека луѓето кои консумираат храна богата со витамин Ц имаат помалку брчки и проблеми со кожата поврзани со стареењето. Па, затоа почесто јадете јагоди за чиста, сјајна кожа без акни и брчки.

Што ги прави јагодите совршени за кожата?

Изобилството од витамин Ц. Витаминот Ц е добар за кожата и се бори со штетните радикали кои го „крадат“ кислородот од здравите клетки и го уништуваат колагенот. Недостатокот на колаген е поврзан со појавата на брчки на лицето.

Растителни влакна. Јагодите се одличен извор на растителни влакна кои помaгаат во елиминирањето на штетните токсини од телото. Растителните влакна исто така се користи за перисталтиката и превенираат појава на запек, кој е познат фактор за појава на акни и црнки.

Фолна киселина. Фолната киселина помага во регенерација на клетките и овозможува производство на нови клетки во телото.

јагоди за убава кожа

Топ 5 придобивки за кожата кои ги нудат јагодите

Против стареење

Јагодите содржат антиоксиданс, познат како елегична киселина, која превенира уништување на колагенот – една од главните причини за формирање на брчки. Елагичната киселина има фото заштитен ефект врз кожата против УВ оштетување. На овој начин кожата има здрав изглед.

Ги намалуваат акните

Акните најчесто се предизвикани од прекумерно таложење на себум кој може да се исчисти со хранливите состојки од ова овошје. Овошните киселини кои ги содржат јагодите помагаат да се отстрани вишокот на масла во кожата.

Ја штитат кожата од УВ зраците

Како што веќе споменавме, моќната елагична киселина е многу корисна за заштита на кожата од штетните УВ зраци. Истражувачите од универзитетот од Кореа открија дека глувците кои биле изложени на УВ зраци по третман со елагична киселина имале намалено формирање на брчки, во споредба со глувци кои не биле подложени на третманот со оваа киселина.

Идеални се за мрсна кожа

Бидејќи се одличен извор на витамин Ц, јагодите може да се користат за домашни маски наменети за мрсна кожа, кои истовремено ќе ја нахранат и ревитализираат.

Ја осветлуваат кожата

Сокот од јагодите е ефикасен за осветлување на дамките и лузните на лицето предизвикано од акните. За да го постигнете овој ефект и да ги отстраните темните дамки, исцедете или изблендирајте една до две јагоди, а сокот нанесете го на кожата со памучен тупфер. Оставете го да делува 5 до 10 минути, а потоа измијте го лицето.

Совет плус: Доколку сакате да го подобрите изгледот на кожата, ви препорачуваме да ја пробате новата SLC Dead Sea Mask. Тоа е маска од мртво море богата е со разни видови на природни состојки како што се шеа путер, сончогледово масло и маслиново масло кое е најздравото масло и на природен начин ја негува кожата. Маската има повеќе ефекти:

  •  ефикасно ги отстранува акните
  • го намалува црвенилото на кожата
  • помага кај разни видови на кожни воспаленија
  • ефикасно се бори со црнките и митесерите
  • ја намалува појавата на брчки.

Погодна е за сите типови на кожа, а може да ја порачате преку онлајн продавницата на Slim Line Club, или на телефонските броеви 078215929, 02 270 0028.

Ви предлагаме да прочитате: Маска од јагоди за ексфолијација на лицето.

Сподели: