Јадете едно киви на ден и бидете здрави како дрен

Има многу причини кои ќе ве поттикнат да јадете по едно киви секој ден! Сигурни сме дека голем дел од придобивките од консумацијата на киви не ги знаете, па време е да дознаеме нешто повеќе за ова исклучително здраво овошје. Кивите го зголемуваат имунитетот, штитат од карцином, помагаат за намалување на килограмите…. и не само тоа!

Кивито е многу здраво овошје богато со хранливи состојки. Содржи голема количина на антиоксиданси, флавоноиди и фитонутриенти, а богато е и со растителни влакна. Овие зелени овошки се богати со витамин Ц и витамин Е. Содржат и калциум, хром, бакар, железо, магнезиум, калиум и цинк. Така, редовната консумација на киви може да ви ги донесе следните здравствени придобивки.

киви

Бидете здрави во ладните денови

Некои истражувања покажале дека редовната консумација на киви го зајакнува имунитетот. Затоа се смета како едно од најдобрите овошја во зимскиот период.

Кивито е овошје кое превенира појава на карцином

Богатството на антиоксиданси во ова мало слатко овошје ја штитат ДНК од оштетувања, кои водат до појава на карцином. На овој начин, кивито се вбројува во овошјата кои го штитат организмот од рак. Во кинеската традиционална медицина кивито со години се користи при третман на рак. Современите истражувања покажале дека екстрактот од киви го спречува развојот на малигните клетки и штити од оштетувања на ДНК.

Имате вишок на килограми? Вклучете киви во исхраната

Кивито има низок гликемски индекс, а содржи голема количина на растителни влакна, што го прави идеална храна за сите кои внимаваат на својата линија или сакаат да ги намалат килограмите.

Добри се за видот

Благодарение на витаминот Ц и другите состојки кои ги содржи, кивито помага за заштита на очите од слободните радикали и од оксидативен стрес. Едно истражувања покажало дека редовната консумација на киви помага за добар вид.

Превенираат појава на дијабетес

Кивито има низок гликемски индекс, што го прави погодна храна за сите оние кои што настојуваат да го намалат нивото на шеќер во крвта. Едно истражување покажало дека консумацијата на киви помага за регулација на адипогензата, а тоа е процес кој е значаен за превенција на дијабетес.

Јадете киви и зајакнете ги коските

Благодарение на калциумот, калиумот, витаминот К и магнезиумот кои ги содржи оваа здраво овошје, се препорачува во исхрана за лица кои имаат или се под ризик за остеопороза.

Имавте лош ден? 

Кивито содржи иноситол, кој е прекурсор на една состојка која ги пренесува сигналите помеѓу клетките, а помага за намалување на нивото на анксиозност, стрес и депресија.

Ви препорачуваме да прочитате: Киви – едно од највкусните и најздравите овошја.

Сподели: