Авокадото во борба со бактериите

Претходно пишувавме кои се главните 10 причини за да го вклучите авокадото во исхраната, а денес ќе ве запознаеме со неговата моќ во борба со бактериите.

Авокадото е овошје кое денес се смета за едно од најхранливите во природата. Потекнува од Средна и Јужна Америка. Почнало да се одгледува 8000 години п.н.е. на тие простори, а отсекогаш се сметало за кралско овошје. Легендите на Маите кажуваат дека авокадото му давало магични и мистични моќни на нивните принцези. Жителите на Чиле со години ги користат листовите на авокадото за зараснување на раните.

авокадо во борба со бактериите

Авокадото како природен лек во борба со бактериите

Најновите истражувања докажале зошто старите народи често го користеле авокадото во исхраната. Имено, откриено е дека состојките во авокадото помагаат во борбата со бактериите кои се отпорни на антибиотици.

Во истражувањата е потврдено дека авокадото е ефикасно во борба со бактеријата Staphylococcus aureus, која предизвикува постоперативни инфекции, труење со храна и сепса. Оваа бактерија многу брзо развива отпорност и е извор на многубројни проблеми во болниците низ светот.

Комбинацијата од авокадо и традиционални антибиотици се покажала како ефикасна во третирањето на инфекциите, кои биле отпорни на истите антибиотици. Утврдено е дека авокадото го намалува лачењето на состојки што им помагаат на бактериите да ја развијат отпорноста кон антибиотици. Во авокадото се наоѓа одредена природна состојка што го намалува одбранбениот механизам на бактериите и на тој начин му овозможува на антибиотикот да дејствува ефикасно.

Некои истражувачи велат дека во моментов, на пазарот, не постои ниту еден друг производ што има исто дејство како и авокадото.

Сигурни сме дека барем малку ве поттикнавме да го вклучите авокадото во исхраната, кое исто може да го одгледувате и дома. Еве како може да порасните дрво од авокадо од неговата семка.

Ви предлагаме да прочитате: 10 добри причини за да јадете авокадо.

Сподели: