алое вера

Алое вера за совршена кожа

Се верува дека преубавата Клеопатра својата сјајна и здрава кожа ја одржувала со алое вера. Алое верата ја одржува влажноста, сјајот и еластичноста на кожата, се користи при иритации, црвенило и успешно ги израмнува брчките.

Тоа е едно од најстарите терапевтски растенија кое се смета за чудотворно. Козметичките производи често содржат алое вера, но во мали количини. Ова растение станува вистински тренд меѓу жените, кои веќе се запознале со ефектите на алое верата.

Хидрирајте ја кожата

Алое верата успешно ја одржува влажноста на кожата. На чисто лице (наутро и навечер) нанесете мала количина на алое вера гел. Ова растение постепено ќе ги отстрани дамките и несовршеностите на лицето.

Израмнете ги брчките

Во борба против брчките ќе ви помогне алое верата. Тоа брзо се впива во кожата, а многу е богато со хранливи материи: содржи есенцијални амино киселини, витамини од групата Б, витамин Ц и Е, калциум, железо и магнезиум.

алое-вера

Победете ги акните

Доколку имате проблеми со акни, алое верата може да ви помогне. Тоа ги отстранува мртвите клетки од кожата, ги чисти и отвора порите.

Направете пилинг од алое вера за лице и тело

Со алое вера можете да си направите свој органски пилинг за сува кожа на лицето. Во блендер ставете 2 лажици гел од алое вера, 2 лажици кафеав шеќер и 1 лажица чист сок од лимон. Миксирајте ја смесата, а потоа нанесете ја на лицето.

Ако сакате да направите пилинг за целото тело, во длабок сад промешајте 2 шолји морска сол, 2 лажици мед, 1 шолја гел алое вера, 1 шолја бебешко масло.

Изгорениците, исечениците, лузните и стриите, исто така може да се лекуваат со ова растение. Нанесете гел на кожата и оставате да се исуши.

Сподели: