ananas 1

Ананас за брзо намалување на килограмите

Сигурно имате слушнато или прочитано за диети со ананас, во кои се препорачува тој да се јаде со секој оброк. Но, сепак добро е да се знае дека со неговата редовна консумација може да се искористат лековитите својства кои се многубројни. Ананасот го забрзува метаболизмот и за кратко време може да ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми. Покрај тоа, тој е богат со антиоксиданси и има антиканцерогено дејство.

Иако некогаш се сметало дека ананасот потекнува од јужна Америка, ова овошје има потекло од Карибите, а во Африка и Америка го донеле морепловците. Но, сепак целосно не е разјаснето неговото потекло.

ананас

Го намалува воспалението на мускулите

Дали знаете дека ананасот е важен за спречување на воспаленија на мускулите? Тоа се должи благодарение на бромелинот, ензим кој превенира воспалување на мускулите. Како резултат на тоа, ананасот се вбројува во групата на намирници кои се препорачуваат да се консумираат по тренинг, односно после физичка активност, кога телото е подложно на воспаленија на мускулите, предизвикани од прекумерниот напор.

Ако сакате за кратко време да ги намалите килограмите, јадете ананас

Бромелинот кој го има во ананасот делува на метаболизмот така што го забрзува согорувањето на мастите во организмот. Тоа е причината за да го вклучите ананасот во исхраната, ако имате цел да се ослободите од вишокот на килограми. За брзото намалувањето на килограмите, истовремено влијаат овошните киселини и присуството на витамин Ц, кои помагаат за топење на мастите.

Ананас за здрава кожа

Во ананасот се наоѓаат и витамини од групата Б, кои ја подобруваат нормалната работа и функцијата на нервниот систем, а освен тоа допринесуваат за подобар и здрав изглед на кожата, косата и ноктите. Лекарите особено го препорачуваат за:

  • побрзо зараснување на раните
  • болки во мускулите
  • повреди на лигаментите и зглобовите.

Ананасот е добар за човековиот организам затоа што ја помага цврстината на коските, но верувале или не, тој ги ублажува брчките на лицето и ја поттикнува регенерацијата на кожата.

Одредени минерали кои што ги има во ананасот, како што е манганот, спречуваат настанување на остеопороза. Ананасот го намалува крвниот притисок, го нормализира варењето на храната и превенира појава на дијареја.

Најдобро е ананасот да го консумирате свеж, затоа што со термичката обработка, засладувањето и варењето, како и конзервирањето се губат неговите природни својства и се намалува неговото полезно дејство врз организмот.

Ви препорачуваме да прочитате: Смуди од цвекло и ананас за снижување на крвниот притисок.

Сподели: