Античкото црно семе е моќен лек и во денешницата 1

Античкото црно семе е моќен лек и во денешницата

Ако досега немате слушнато за црно семе, верувајте не сте единствени. Малку се знае кај нас, но во последно време неговата употреба е се почеста, и тоа со право.

Црното семе со векови се користи во традиционалната, алтернативна медицина, а во последно време се повеќе зазема место и во конвенционалната медицина. Последните истражувања покажуваат дека црното семе може да се користи за третман на повеќе заболувања за кои се препишуваат различни лекарства.

црно семе

Уште пред повеќе од 2000 години, со цел лекување на различни болести од главоболки до паразитски инфекции, малите црни семки  се користеле во различна јадења. За лековитата моќ говори и фактот што ова семе било откриено во гробницата на Кралот Тутанкамон. Познато е дека и Клеопатра го користела за здравствени и козметички цели. Грчкиот лекар, Диоскорид го користел црното семе за лекување на главоболки, затнат нос, забоболки и цревни паразити. Хипокрит, основоположникот на денешната медицина сметал дека црното семе е корисен лек за пореметувања на црниот дроб и дигестивниот систем.

Се смета дека има позитивно дејство при астма, алергии, грип, болки во зглобовите и интестинални проблеми.

Црното семе може да ви помогне за намалување на високиот крвен притисок

Црното семе има улога на антиоксиданс, делува како диуретик и го намалува високиот крвен притисок. Едно истражување од 2013 година, докажа дека консумирањето на 5 мл масло од црно семе во период од 8 недели, придонело за значително намалување на крвниот притисок без да се појават несакани ефекти. Квалитетно ладно цедено масло од црно семе може да го купите тука.

Корисно е при третман на канцер

Истражувањата велат дека состојката тимоквинон која што ја има во црното семе може да предизвика смрт на клетките на ракот и да ги намали метастазите кај карцином на дојката, меланоми, канцер на матката, коските и леукемија. Покрај тоа, позитивни ефекти се забележани и при канцер на панкреасот и белите дробови. Се претпоставува дека црното семе ја зголемува осетливоста на клетките на ракот при дејство на хемотерапија. Со оглед дека станува збор за ин витро студии, потребни се повеќе истражувања кои ќе ги потврдат антиканцерогените својства на црното семе.

Може да помогне за стабилизирање на шеќерот во крвта 

Предмет на едно истражување била врската на црното семе и неговите својства за намалување на шеќерот во крвта, со акцент на жените во менопауза. Било утврдено дека 1 грам на црно семе на ден, кое се консумирало во рок од 2 месеци може значително да го намали шеќерот во крвта. Црно семе од Фила по најповолна цена може да купите тука.

Ви предлагаме да прочитате: Ким – зачин и лек за здравствени проблеми.

Сподели: