коктел со бело вино

Ароматичен коктел со бело вино и јаболко

И во зима може да уживаме во вкусот на коктелите! Што би рекле за ароматичен коктел со бело вино и јаболко?

Често пати при подготовка на коктели, потребно е да набавиме некои специфични состојки, па ретко кога имаме време и прилика да ги приготвиме дома. Но, овој коктел, секој може да го направи во било кое време. Потребни ви се неколку едноставни состојки како јаболко, цимет, лимон, бело вино…

коктел од бело вино

Состојки:

  • 500 мл бистар сок од јаболка
  • 1 стапче цимет
  • прстофат свеж рендан ѓумбир
  • 1 каранфилче
  • прстофат морско оревче
  • 1 јаболко
  • 1 лимон
  • 1 до 2 лажици шеќер
  • 500 мл суво бело вино (по желба може да користите пенливо вино).

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на умерена температура ставете го сокот од јаболко, циметот, ѓумбирот, каранфилчето и морското оревче. Измешајте ги.
  2. Оставете ја течноста да зоврие, а потоа намалете ја температурата и продолжете со варењето.
  3. Во меѓувреме јаболкото исчистете го од семките и исечете го на мали коцки.
  4. Лимонот исцедете го.
  5. Штом течноста се намали за половина, тргнете го тенџерето од огнот.
  6. Во голем сад ставете ги сечканото јаболко, сокот од лимон и шеќерот. Измешајте ги и додајте ја течноста од тенџерето.  Садот оставете го во фрижидер да се излади.
  7. Пред служење, во чашите до половина турете од течноста со јаболкото, а остатокот дополнете го со бело вино. Готовиот коктел со бело вино и јаболко, послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Греено вино со мед, цимет и лимон.

Сподели: