бадеми

Бадеми – една од најздравите намирници во светот

Посебно вкусните бадеми веќе долго време се почитувани како олицетворение на благосостојба и здравје. Јаткастите плодови се меѓу најбогатите извори за здравствена корист од хранливи материи и од суштинско значење за оптимално здравје.

бадеми

Здравствени придобивки од бадемите

  • Бадемите се богати со растителни влакна, витамини, минерали и мало хранливо пакување кое доаѓа со бројни фитохемикалии – поддржувачи на здрајето. Тие се добро балансирана храна која осигурува заштита од заболувања и одредени видови на канцер.
  • Одличен извор на енергија и пример за комплетна храна од нутритивен аспект. Особено се богати со моно-незаситени масни киселини како што се олеинската и палмитинската киселина, кои помагаат во намалување на ЛДЛ холестеролот или „лошиот холестерол“  и го зголемуваат нивото на ХДЛ холестеролот или „добриот холестерол“. Истражувањата покажуваат дека медитеранската исхрана која изобилува со присуство на мононезаситени масни киселини помага во превенција од заболувања на коронарните артерии и мозочен удар, преку фаворизирање на здрав профил на масти во крвта.
  • Бадемите се извонреден извор на витамин Е, содржат 25 гр во количина од 100 грама (или тоа би дошло околу 170% од препорачаната дневна доза). Витаминот Е е моќен антиоксидант кој се раствора во масти (липосолубилен витамин) и е неопходен во организмот за одржување на мембраните на клетките, нивниот интегритет и ја штити кожата од штетните оксидативни дејства на слободните радикали.
  • Бадемите не содржат глутен и се одлични и за луѓето кои имаат целијакија и популарна состојка која ја има во храната која најчесто ја консумираат.
  • Овие јаткасти плодови се многу богати со важните витамини кои се дел од Б комплексот, како што се рибофлавин, ниацин, тиамин, пантотенска киселина, витамин Б6 и фолати. Сите овие играат важна улога и претставуваат ко-фактори  за ензимите за време на клеточните метаболитички реакции.
  • Освен тоа, бадемите се неверојатен извор на минерали, како што е магнезиум, калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк и селен.

Препорака за крај: Јадете по една рака бадеми на ден, ќе ви ја обезбедат препорачаната доза на минерали, витамини и протеини. Освен тоа, екстрахираните масла од бадем наоѓаат примена не само во кујната, туку и во медицината.

Сподели: