бајадера со плазма-1

Бајадера со плазма бисквити

Уште еден одличен рецепт за бајадера! Овој пат Даниела ни предлага да ја пробаме бајадерата со плазма бисквити која има неодолив вкус.

Малите слатки колачи направени со идеална комбинација од ореви, бисквити и чоколадо, сигурно ќе го освојат вашиот вкус!

бајадера со плазма

Состојки:

  • 600 гр шеќер
  • 15 лажици вода
  • 200 гр путер или маргарин
  • 300 гр плазма бисквити
  • 200 гр ореви
  • 200 гр чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло
  • 1 лажица маргарин
  • 100 гр чоколадо за декорација.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган на средна температура се ставаат шеќерот и водата, и се мешаат додека шеќерот се растопи. Штом шербетот ќе зоврие, тенџерето се трга од шпоретот и се остава кратко да се излади.
  2. Во меѓувреме, путерот се мати со миксер, а плазма бисквитите и оревите се мелат.
  3. Во млакиот шербет се додаваат мелената плазма и оревите, а потоа добро се меша.
  4. На крај се додава изматениот путер и смесата убаво се меша да се соедини.
  5. Во сад на пареа се става 200 грама чоколадо да се растопи.
  6. Смесата се дели на пола и во едниот дел се додава растопеното чоколадо, а другиот останува бел.
  7. Со сукало врз целофан или хартија за печење се израмнува прво чоколадниот дел и се остава половина час во фрижидер убаво да се стегне. Потоа над него се става вториот бел дел и повторно смесата се враќа во фрижидер да се излади за време од 1 час или во замрзнувач за време од 30 минути.
  8. По желба со калап од смесата може да се сечат правоаголни форми како бајадера. Парчињата бајадера се чоколадираат, а доколку не се сечат со калап, колачите одозгора се преливаат со растопено црно или бело чоколадо, а потоа се украсуваат по желба и се сечат со нож.

Сподели: