Бела салата со компир и мајонез

Бела крем салата со компир и мајонез

Кој не би сакал брз и лесен рецепт? Секој од нас ќе се согласи дека е така, па пробајте ја нашата бела крем салата со компир, мајонез и кисело млеко. Состојките се едноставни, а вкусот е многу пријатен и ќе се „заљубите“ уште при првиот залак како и ние!

Оваа салата одлично се комбинира со месо на скара или топло печено домашно лепче (кликнете за предлог рецепт за лепче).

Бела салата со компир и мајонез

Состојки:

  • 400 гр варени компири
  • 400 мл кисела павлака
  • 200 мл мајонез
  • 150 гр сирење
  • неколку ливчиња магдонос
  • цеден сок од 1 лимон
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Најпрво подгответе ги компирите. Излупете ги и ставете ги во тенџере со ладна вода и малку сол и оставете да се варат, или прочитајте ја тука најдобрата техника за варење на компири за салата.
  2. Сварените компири извадете ги од тенџерето и оставете да се изладат, па исечете ги на коцки.
  3. Сите состојки, варените компири, сечканиот магдонос, киселата павлака, мајонезот и иситнетото сирење ставете ги во длабок сад, посолете и зачинете со црн пипер, па убаво измешајте.
  4. Готовата крем салата од компири е највкусна откако ќе се излади, а тоа може да го направите и во фрижидер. Изладената крем салата од компири послужете ја декорирана со гранче магдонос.

На здравје!

Сподели: