Биди кум на производите на ИМВ и освој 100 евра 1

Биди кум на производите на ИМВ и освој 100 евра

Биди кум на млечните производи од новата битолска млекара и освој 100 евра. А, за да учествуваш доволно е само да предложиш креативно име за брендот и производите. Колку повеќе имиња предлагаш, толку поголеми се шансите да ја освоиш наградата.

Во тек е припремата на нови млечни производи од новата битолска млекара ИМВ (Индустрија за млеко Велковски), а кумот кој ќе даде предлог за најдобро име на брендот и производите ќе добие награда од 100 евра. Доколку бидат избрани повеќе имиња за производите, од повеќе лица, наградата ќе биде поделена помеѓу кумовите. Во рамките на ИМВ ќе се произведуваат различни млечни производи и тоа:

  • пастеризирано свежо млеко
  • јогурт
  • функционален јогурт со пробиотички култури
  • кисело млеко
  • кисела павлака
  • бело сирење
  • кашкавал
  • премиум кашкавал.
Биди кум на производите на ИМВ и освој 100 евра 2

Од компанијата велат дека секој може да биде кум, на тебе останува да размислуваш и предлагаш имиња во коментар на нашата фан страница на Facebook. За да учествуваш во овој награден натпревар, следи ги инструкциите:

  • Прво: во коментар напиши твој предлог за име на брендот (на местото на ХХХ) и за секој од горенаведените производи (на местото на ХХХ). Пример: име на бренд: ХХХ, име на млеко: ХХХ, име на јогурт: ХХХ, име на фунционален јогурт: ХХХ, име на кисело млеко: ХХХ, име на кисела павлака: ХХХ, име на бело сирење: ХХХ, име на кашкавал: ХХХ, име на премиум кашкавал: ХХХ. 
  • Второ: споделете го постот на вашиот профил на Facebook со опцијата Јавно (Public).

Секој има право да предложи неограничен број на имиња за брендот и производите. А колку повеќе имиња предлагате, толку имате повеќе шанси да бидете победник и да освоите подарок. Изборот започнува од 25.05.2016 година и ќе трае до 15.06.2016 година. Кликни тука и вклучи се во кумството сега!

Сподели: