Благ ролат со фил од какао 1

Благ ролат со фил од какао

Кате го нарече леб и ни кажа дека е супер за појадок со чаша млеко или чај, а ние го нарековме благ ролат со фил од какао, бидејќи има прекрасен лик со убави какао кругови на пресек кои ги радуваат очите!

Вака припремениот ролат можете да го сервирате во секојдневни или во специјални прилики, а веруваме ќе биде пријатна глетка за очите на сите дегустатори.

Благ ролат со фил од какао 2

Состојки:

За тесто:

  • 400 гр брашно
  • 60 гр путер
  • околу 200 мл топло млеко
  • 150 гр шеќер
  • 20 гр свеж квасец
  • прстофат сол.

За фил:

  • 50 гр шеќер
  • 2 лажици какао.

За премачкување и посипување:

  • малку млеко и шеќерни гранули.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги брашното и шеќерот.
  2. Квасецот растворете го во топлото млеко и додајте го во садот со брашното и шеќерот.
  3. Додајте го и растопениот путер, и прстофат сол.
  4. Месете го тестото 10-тина минути и оставете го да нарасне околу 3 часа.
  5. Нараснатото тесто расукајте го во кора која ќе ја посипете со мешавината од шеќер и какао.
  6. Завиткајте ја кората во ролат и ставете го во правоаголен калап за векна обложен со хартија за печење.
  7. Покријте го со најлонска фолија и оставете го така околу 1 час за да нарасне.
  8. Пред печење, роланиот леб премачкајте го со млеко и посипете со шеќерни гранули.
  9. Печете на температура од 190 степени, за време од 30-40 минути зависно од рерната.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Едноставен шарен куглоф.

Сподели: