Благ ролат со џем од рибизли 1

Благ ролат со џем од рибизли

Овошно, свежо и лесно за јадење, многу вкусно! Благ ролат со џем е фантастичен избор за десертниот момент. Рибизлите му даваат посебна свежина, а ако сакате може да го замените џемот со друг вкус!

Идеално за очи и слатко за јадење, со неколку збора кажано, едвај ќе чекате да се допече и да го пробате. И благодариме на нашата пријателка Лана од блогор Kuhignica Mignone за прекрасниот рецепт! А, ако сакате да дознаете како може да направите џем од рибизли, кликнете тука.

Благ ролат со џем од рибизли 2

Состојки:

  • 2 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр брашно
  • 6 лажици млеко
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • малку нарендана лимонова кора
  • џем од рибизли по потреба (по желба или доколку немате може да употребите различен џем).

Подготовка:

  1. Белките изматете ги пенесто, а потоа продолжете да матите и една по една додајте ги и жолчките.
  2. Во изматените јајца додајте го шеќерот, матете, потоа додајте го млекото и на крај полека замешајте го и брашното, кое претходно сте го измешале со прашокот за печиво.
  3. За поубава арома додајте и малку рендана лимонова кора.
  4. Смесата турете ја во помал плех (22х23 см) и печете на температура од 180 степени за време од 15 минути.
  5. Печената кора префрлете ја врз влажна кујнска крпа и завиткајте ја во ролат. КОга ќе се излади, внимателно одмотајте ја и филовајте ја со џемот.
  6. Потоа повторно завиткајте ролат и посипете со шеќер во прав. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Благ ролат со фил од какао.

Клучни зборови:

Сподели: