Бомбици од јаболка и рум со кокос

Бомбици од јаболка и рум со кокос

Овие фантастични бомбици од јаболка и рум имаат прекрасен вкус и доста се економични. Одлични се во секоја прилика, а многу лесно може да ги прилагодите состојките и да ги направите во посна варијанта. Во случај да сакате да ги направите за време на постите, може да користите посно чоколадо за готвење.

Бомбици од јаболка и рум со кокос

Состојки:

  • 700 гр – 800 гр јаболка
  • 250 гр шеќер
  • 1 лажица рум
  • 150 мл вода
  • 1 лажица цимет
  • ½ лажичка мелено каранфилче
  • 50 гр чоколадо или кокос за декорација.

Подготовка:

  1. Подготовката започнува од јаболката. Најпрво се мијат, па лупат и се рендаат на покрупната страна од рендето.
  2. Така припремените јаболка се ставаат во подлабок сад на оган и се додава водата за да варат на средна температура.
  3. Смесата постојано се меша, а откако ќе испари водата се додава шеќерот и се продолжува со термичкиот третман на уште пониска температура. Откако ќе забележите дека смесата се згуснала  убаво и добила убав мирис на карамел, тогаш може да го тргните садот од огнот.
  4. Во садот со јаболката се додаваат предвидените количини цимет, каранфилче и рум. Се меша и се остава смесата да се лади.
  5. Од млаката смеса се формираат бомбици кои може да се декорираат со рендано чоколадо или кокос.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Сподели: