бомбци со тиква и бисквити

Бомбици со тиква, бисквити, рум и бело чоколадо

Овие мали, сочни, ароматични бомбици со тиква освен што се вкусни, изгледаат преубаво! Рецептот ни доаѓа од нашата пријателка Диана, која го сподели на блогот Trydiani.

Досега, тиквата сме ја печеле, вареле или пак ја имаме приготвувано како здрава торта. Но, бомбици со тиква немаме правело, а и немаме пробано кај пријателите. Затоа, убаво е кога сите ги споделуваме успешните рецепти, се дружиме, а потоа ги каниме најблиските на дегустација.

бомбици со тиква

А за да ви ја олесниме подготовката на бомбиците ви предлагаме да го прочитате овој водич за лесна подготовка на тиква.

Состојки:

  • 150 гр бело чоколадо
  • 75 мл слатка павлака
  • 30 гр путер
  • 1/4 чаша шеќер
  • 75 мл пире од тиква претходно печена и пасирана
  • 1 лажиче цимет
  • 1 лажиче рум
  • 1 чаша мелени бисквити
  • ½ чаша мелени ореви
  • 100 гр црно чоколадо
  • По желба, може да додадете цимет, ѓумбир и морско оревче.

Подготовка:

  1. Павлаката, путерот и шеќерот (количината на шеќер може да ја намалите во зависност од блажината на тиквата) се ставаат во сад на тивок оган. Штом путерот ќе се растопи, во садот се додава белото чоколадо. Постојано се меша со жица за матење додека смесата зоврие.
  2. Потоа, садот со белото чоколадо се трга од оган и во него се става пирето од тиква, циметот и румот.
  3. Смесата се меша и се става во фрижидер за време од еден до два часа за да се излади и стегне.
  4. Во изладената смеса од тиква и чоколадо се додаваат мелените бисквити и ореви. Се меси и од неа се формираат топчиња со големина на орев. Добиените топчиња се оставаат околу еден час за да се изладат.
  5. Во меѓувреме, црното чоколадо се топи на пареа со една лажица масло. Со растопеното чоколадо се чоколадираат бомбиците, а потоа се декорираат со цимет или по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Брз ролат со тиква.

Сподели: