kako se jade desert 1

Бон тон за храна – Како правилно се јаде десерт?

Сигурно и вие сте биле во ситуација да бидете во друштво на голем број луѓе, па да биде послужен десерт. Но, понекогаш се јавува прашањето како треба да се јаде десерт, а тоа да биде пристојно и културно. Затоа го припремивме овој водич, кој на многумина ќе им биде од голема корист.  

Различните десерти се сервираат и се јадат различно. Во продолжение прочитајте ги нивните карактеристики и различности.

како се јаде десерт
  • Компот се јаде со средна лажица.
  • Торти, овошни и чоколадни колачи се јадат со помош на мала виљушка.
  • Разните кремови и пудинзи се јадат со лажица.
  • Палачинки се јадат со виљушка.
  • Сладолед се јаде со сплескана лажичка од метална или стаклена чаша за сладолед. Доколку во него има поголеми парчиња овошје, тогаш тие се сечат со помош на ивицата од лажичката.
  • Јаболката и крушите, откако ќе ги исечеме и ќе ги излупиме, тогаш ги јадеме со раце.
  • Портокалот, откако ќе му ја засечеме кората, го лупиме и парче по парче го јадеме со раце.
  • Праски и кајсии, набодени на виљушка се сечат на парчиња и се јадат.
  • Банани се јадат откако со нож ќе му го засечеме врвот, ќе ги излупиме и ќе ги исечеме на парчиња.
  • Цреши, вишни и грозје јадеме со раце, а семките дискретно ги вадиме во рака и ги оставаме во чинијата.
  • Градинарски јагоди јадеме со раце, но доколку се засладени со шеќер тогаш ги јадеме со средна лажичка за десерт.
  • Шумски јагоди, малини, капинки и боровинки се јадат со лажица.
  • Грејпфрут се сервира преполовен и се јаде со лажица.
  • Лубеница, диња и ананас се сервираат исечени на парчиња, а се јадат со помош на нож и виљушка.
  • Бело кафе, чај или какао, во ресторани се сервираат за доручек во посебни шолји и тоа незасладени.
  • Шеќер се сервира во посебна чинија. Со чајот се сервира и лимон (исечен на парчиња, со кора или без). Како пропратник на лимонот може да се сервира и рум, кој по желба се става во чајот.

Совет плус: Доколку сме во посета на пријатели или роднини, пијалокот не треба да го пиеме се додека домаќинот не даде знак за почеток, со тоа што ќе наздрави со сите присутни. Жените наздравуваат само доколку се наоѓаат во улога на домаќинка во сопствениот куќен прием, во сите останати случаеви, кога наздравуваат само ја подигаат чашата, но не се чукаат.

Биде во друштво и јадете го омилениот десерт без грижи!

Ви предлагаме да прочитате: Бон тон за храна – поставување на маса.

Сподели: