боранија

Боранија – зеленчук со малку калории и многу железо

Боранијата претставува еден од ретките зеленчуци кој содржи малку калории и тоа само 23 калории во 100 грама, а од друга страна содржи многу железо и други вредни состојки како што се калиум, калциум, фосфор, магнезиум и цинк.

Благодарение на големото количество на железо кое го содржи, боранијата се препорачува редовно да биде дел од исхраната на лица кои имаат анемија. Половина чинија варена боранија содржи милиграм железо и само 20 калории, во споредба со гравот содржи 215 калории. Но доколку во предвид ја земеме малата количина на масти и натриум, а голема количина на калиум и растителни влакна, боранијата се смета за многу здрава и лековита храна.

Боранијата би требало што почесто да биде дел од исхраната на здравите луѓе, но исто така и на оние кои имаат проблем со покачен крвен притисок, шеќер во крвта и холестерол. Аргининот кој го содржи боранијата го намалува нивото на шеќер во крвта и урнината. Со варење аргининот не се уништува, па боранијата се препорачува што почесто во менито на дијабетичарите и тоа во форма на чорби.

Растителните влакна кои ги содржи боранијата го подобруваат варењето на храната и го намалуваат холестеролот во крвта. Поради големото количество на калиум, боранијата е добар диуретик кој помага во излачувањето на течностите и штетните материи од организмот, па се препорачува кај лица кои имаат проблем со равматизам и кај лица со покачена уреа во мокрача.

боранија

Боранијата може да се користи на различни начини:

  • Варена – се додава во разни видови на салати како што се салати со сардини, туна, салата со пилешко месо.
  • Сечкана боранија се става во чорби како и во динстани јадења.

Боранијата може да се зачини со лук, мајчина душица, кикирики, а се сервира со сирење, риба, пилешко, но и со секаков друг вид на месо.

Свежата, неварена боранија содржи протеин (фазин) кој е отровен, што значи дека боранијата секогаш пред да се употребува мора да се свари, а неварена односно свежа, термички необработена боранијата не треба ни да се пробува!

Совет плус: Во случај на зголемена уреа во мокрача се пијат чаеви од боранија. Во 1 литар вода се ставаат 60 грама зелена боранија се вари 10 минути. Откако ќе се свари се остава да отстои 12 часа, а потоа се пијат по 3 шолји чај дневно и тоа 20 дена без прекин.

Сподели: