велигденски јајца со ориз

Бојадисајте велигденски јајца со зрна ориз

Велигденските празници се наближуваат, па време е да започнеме да ја планираме велигденската трпеза и да собираме идеи за бојадисување на јајца. Еве една идеја за бојадисување на велигденски јајца со зрна ориз која дава фантастични резултати, а е пристапна и едноставна. Потребни ви се варени јајца, ориз, прехранбена боја и пластични чаши.

Сигурни сме дека имате ориз во вашата кујна, неколку пластични чашки, а може да ви фали прехранбена боја. Со малку трпение може да направите креативни велигденски јајца. При бојадисување на велигденските јајца ви предлагаме да користите заштитни ракавици, за да не шетате со шарени прсти.

Техника на бојадисување на велигденски јајца со ориз

За да постигнете најдобри резулатати, пожелно е јајцата да бидат топли, оризот да биде со долго зрно, а да користите гел бои.

  1. Јајцата сварете ги, извадете ги од водата и избришете ги со кујнска хартија.
  2. Во пластични чашки ставете 2 лажици ориз. Количината на оризот зависи од големината на чашките, но никако не треба да ги наполните до врвот.
  3. Врз оризот ставете од бојата и добро измешајте за да се обои оризот. Во чашата ставете го јајцето и измешајте го нежно, неколку пати. Доколку долго го мешате, може јајцето целосно да се обои.

По желба можете да комбинирате две бои. Прво да го ставите јајцето во една боја, а потоа во друга. Бојадисаните велигденски јајца оставете ги да се изладат, а потоа премачкајте ги со малку масло за да добијат сјај.  За најдобро разбирање на техниката, погледнете го видеото.

Ви предлагаме да прочитате: Декорација на велигденски јајца со вратоврска.

Сподели: