бразилски ореви.

Бразилски ореви – здрави и без глутен

Специфичните растенија кои се заслужни за овие плодови наречени Бразилски ореви или уште кремасти ореви, поради високата количина на масти во својот состав како посебно обележје растат во шумите на Амазон.

Овие мали паковања од амазонско богатство се познати со векови по своите посебни својства и состав богат со корисни протеини, масти и есенцијални (неопходни) состојки. Уште се нарекуваат крем ореви или „Castaña-de-Brazil“ – бразилски костени. Тие се едни од растенијата кои живеат најдолго со живот проценет на 500-700 години и едни од највисоките дрвја до 50 метри во сите тропски дождливи шуми со разгрането стебло во горниот дел.

Зрело дрво во сезона дава околу 300 плодови, кои се групирани по 10-25 семиња (сегменти) и секој од нив е спакуван во дебела темнокафеава индивидуална школка. Делот од таа школка кој останува за јадење има тристрана долгунеста форма, со бело месо и сладок вкус кој потсетува на обичен орев со тежина од околу 5 грама.

бразилски ореви

Бразилските ореви се богати со калории, витамини, минерали и антиоксиданси, од тука имаат многу здравствени придобивки:

  • 100 g Бразилски ореви обезбедуваат околу 656 калории. Нивната висока калориска содржина доаѓа од нивните масти. Сепак, овие ореви се одличен извор на мононезаситени масни киселини како што е палмитинската киселина и олеинска киселина кои помагаат во намалување на ЛДЛ или “лошиот холестерол ” и го зголемуваат нивото на ХДЛ или “добар холестерол ” во крвта.
  • Бразилските ореви се исто така многу добар извор на витамин Е, содржат околу 7,87 mg на 100 g (околу 52 % од RDA/препораллива дневна доза во денот). Витаминот Е е моќен липосолубилен антиоксиданс. Тој е потребен за одржување на интегритетот на клеточната мукозна мембрана и кожата, а претставува и заштита од штетните кислородни слободни радикали.
  • Карактеристично е што содржат исклучително високо ниво на селен и тоа на100 гр плод доаѓа околу 1917 мg на селен или 3485 % од препорачаната дневна доза што им дава ознака за највисок природен извор на овој минерал, но покрај корисното дејство мора да се внимава да не се премине препорачливата дневна доза. Селенот е важен кофактор за антиоксидативниот ензим глутатион пероксидаза. Со јадење на само 1-2 ореви дневно обезбедува доволно на овој елемент. Соодветниот внес на селен во исхраната може да помогне во спречување на коронарна артериска болест, цироза на црниот дроб и рак.
  • Тие содржат и многу добри количини на други минерали како што се бакар, магнезиум, манган, калиум, калциум, железо, фосфор и цинк. Бакарот помага во спречување на анемија и слабост на коските (остеопороза), а манганот е посебно важен кофактор за антиоксидативниот ензим, супероксид дисмутаза .
  • Не содржат глутен и се здрава алтернатива за луѓето со алергија на пченична храна и целијачна болест.
  • Покрај тоа, овие крем ореви се одличен извор на Б-комплекс групата на витамини, како што тиамин (51% од RDA по 100 g), рибофлавин, ниацин, пантотенска киселина, витамин Б6 (пиридоксин) и фолати.

Маслото добиено од Бразилските ореви има многу традиционални медицински апликации кои делуваат позитивно и релаксативно и се користат за масажна терапија. Има јасна жолта боја со пријатен и сладок мирис и вкус. Неговите релаксативни и навлажнувачки својства помагаат кожата да ја одржи својата влажност и да е добро заштитена од сувост.

Исто така, маслото се користи за готвење и како базична суровина во традиционалната медицина поврзана со ароматерапијата, во фармацевтската и козметичката индустрија.

Сподели: